Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е доволно што сме шокирани, огорчени и ожалостени

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 22:17

На пример, зошто не се применува соодветно Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање медрки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство? Во него е опфатен и мултисекторскиот пристап на соработка меѓу институциите.

Наташа Габер Дамјановска

Не е доволно што сме шокирани, огорчени и ожалостени заради трагичниот исход на последниот случај на семејно насилство. Не е доволно што слободно можеме да констатираме дека ваквите случаи на семејно насилство и фемицид во последно време се на ниво на епидемија во нашата држава. Не е доволно да заклучиме дека овие настани се должат на фрустрациите на луѓето од немаштијата, од злоупотреба на алкохол и дрога, психички проблеми, трауми од детството и душевни болести, лични односи, традиционалната потреба на манифестација на моќ и дека насилникот има право на контрола над животот и личноста на интимниот партнер, и бројни други фактори.

Наспроти тоа, важно прашање што треба да си го поставиме е зошто постои несоодветна реакција на институциите спрема потенцијалните сторители, особено во насока на превенција на најлошото кога веќе се детектираат определени сигнали? Каде е проблемот? Како да се превенира потенцијалното чувство на неказнивост од страна на сторителите? И, со оглед на целата атмосфера и реакциите, за кои веќе подолго време констатираме со бројни мои пријатели и познаници: Зошто веќе не постои чувство на заедништво, општествена солидарност и поддршка? Зошто нема свест кој е јавниот интерес и според него да се определува траекторијата на нашето општество? Зошто ја снема во нашето општество хуманоста и емпатијата? Кому му служи оваа злоба и себичност со која се преплавени социјалните мрежи?

Тврдам дека ако се направи збирна анализа за тоа колку истражувања и особено обуки во последните десет години на тема семејно насилство се организирани од страна на релевантни домашни институции, странски партнер-држави и меѓународни организации во кои учествувале лица од нашите надлежни министерства и граѓански организации одговорот ќе биде шокантен. Вистинското прашање е всушност зошто овие бројни напори не вродиле со плод, односно зошто не се постапувало според наученото/совладаното? На пример, зошто не се применува соодветно Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање медрки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство? Во него е опфатен и мултисекторскиот пристап на соработка меѓу институциите. Со полно право ГРЕВИО анализата за нашата држава нагласува дека нормативниот дел на опфатеност на проблематиката е задоволителен, но останува самата примена на напишаното доследно да се реализира.

Минорната интервенција во член 130 од последните измени на Кривичниот законик е недоволна. Требаше експлицитно да се наведе дека полицијата може официјално да постапи и кривично да гони при констатирана телесна повреда како резултат на семејно насилство.

Дополнително, правно прашање кое сметам дека треба да биде адресирано овојпат по однос на осомничениот сериски убиец од кумановско е дали се работи за кривични дела од омраза по однос на родова припадност (тоа е дефиницијата на фемицидот, како кривично дело од омраза кон жртвата бидејќи е жена), бидејќи жртвите се исклучително само жени.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

 

колумна наташа габер ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.