Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не e само Македонија, секој четврти Европеец е во финансиска криза

0
By Ана Василевска on November 8, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Животот станува се поскап. Статистика измери инфлација од близу 20% во октомври. Главна причина за ова е кризата која владее во Европа и светот поради енергенсите, но и поради поскапиот увоз и прозиводство на продукти како последица на војната во Украина.

Синдикатот пресмета потрошувачка кошница од 43.000 денари или со вклучена инфлација над 51.000 денари. За една година поскапело речиси се. Најмногу храната и енергенсите. Лебот и житатата се продаваат по двојно повисока цена.

Над 40% зголемување е регистрирано и кај млекото, сирењето, јајцата, маслата, мастите, течните горива. Цврстите поскапеле за 38,5, топлинската енергија за 30, гасот и електричната над 20.

За да се ублажи ценовниот удар на сила е мерката ограничени маржи на основните прехранбени производи. Но, цените и натаму растат. Затоа експертите препорачаа – по примерот на соседните земји, владата да ги замрзне цените на производите. На тој начин, според нив, ќе се заузда инфлацијата, а народот ќе има сила да го истурка месецот.

Поевтина струја за прехрамбената индустрија

Владата пак не ги замрзнува цените, но за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час. Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат.

Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто. Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ.

Какви се состојбите во Европа?

Секој четврти Европеец  вели дека е во несигурна финансиска ситуација што ги принудила да се откажат од одредени потреби – како што се загревање на домот или јадење оброци.

Извештајот, објавен оваа недела од невладината организација за борба против сиромаштијата Secours Populaire во соработка со Ипсос, покажа дека 62 отсто од анкетираните Европејци веќе го ограничиле своето патување, а 47 отсто се откажале од загревање на својот дом и покрај студот.

Дваесет и девет проценти од учесниците во истражувањето исто така рекле дека прескокнале оброк кога биле гладни.

Студијата – спроведена за организацијата од страна на институтот за истражување на пазарот Ипсос – анкетираше околу 6.000 лица на возраст од 18 и повеќе години од шест земји: Германија, Франција, Грција, Италија, Полска и Обединетото Кралство.

Повеќе од еден од двајца Европејци чувствуваат дека цените растат и нивната куповна моќ се намалува.

Овој тренд предизвикува загриженост бидејќи ситуацијата може да се влоши.

54% од нив сметаат дека нивната куповна моќ е намалена во последните три години. Меѓу нив, повеќе од секој четврти вели дека куповната моќ дури и е многу намалена (26%).

 Грција во тешка состојба

Оваа ситуација е особено тешка во Грција, каде 51 отсто од испитаниците велат дека се во ваква ситуација.

Педесет и еден процент од Грците изјавиле дека се соочуваат со тешкотии, во споредба со 24 проценти од Французите и 18 проценти од Германците.

-Со зголемените цени, енергетската криза и последиците од војната во Украина, условите за живот на многу Европејци се влошија во 2022 година. Оваа ситуација е уште потешка бидејќи следуваат две години во кои животниот стандард беше обележан со шокот од здравствената криза Ковид-19, вели Secours Populaire.

Семејствата се особено погодени, при што речиси секој втор родител веќе се откажал од заминувањето на своето дете на одмор или запишувањето на воннаставна активност.

За колку поскапе храната

Една третина од испитаниците рекле дека не секогаш можат да му дадат на своето дете разновидна исхрана.

Со цел да им обезбедат добри услови за живот на своите деца, три четвртини од родителите изјавиле дека се лишуваат од слободни активности.

Поттикнати од зголемената цена на електричната енергија, потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за 10 отсто во септември – најсилното зголемување од почетокот на евиденцијата.

Во Франција, инфлацијата минатиот месец го достигна највисокото ниво од 1985 година. Особено цените на храната пораснаа за речиси 12 проценти на годишно ниво, додека цените на енергијата се зголемија за речиси 20 проценти.

Бидејќи инфлацијата продолжува да расте во Европа, 55% од Европејците сметаат дека постои значителен ризик дека ќе се најдат во нестабилна финансиска ситуација во наредните месеци. Тие имаат мала финансиска слобода, а 64% изјавиле дека не знаат за кои трошоци да направат компромиси, бидејќи веќе скратиле сè што можат.

Згора на тоа, бидејќи ситуацијата во однос на поскапувањата се чини дека не се подобрува, многу Европејци се загрижени за нивната способност да се справат во иднина.

Извор:  Цивил медиа

 

Европа економска криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.