Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не може да се утврди колкав број на артефакти недостасуваат

0
By Нова ТВ on December 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2013 12:17

Катастрофата која се случи во Музејот на Македонија каде полицијата сеуште не може да утврди колкав број на артефакти недостасуваат, ја делат повеќе музеи во земјава.

„Истрагата дојде до записници за извршен инспекциски надзор од страна на комисии во кои учествувале и вработени во Музејот на Македонија во кои наместо отворање на истрага за кражба се сугерирало бришење на исчезнатите предмети од повеќе музеи во земјава од секаква евиденција“, вели за Пресс24 портпаролот во МВР Иво Котевски.

>>Од Музејот украдени и обетките кои ги красат македонските банкноти

Со години наназад не било евидентирано ниту пријавено исчезнувањето на предмети од повеќе музеи а инспекциските комисии во кои членувале и вработени од Музејот на Макеоднија едноставно препорачувале бришење на исчезнатите предмети од евиденцијата, наместо отворање на истрага.

„Поднесен е посебен извештај до Обвинителството, кој претставува пресек на се што е направено и до кои сознанија е дојдено во досегашната истрага“, објавува денеска весникот „Вест“ од полициски извори.

Информации до кои дошла полицијата се базираат на оперативните мерки и активности на МВР, како и на сознанија добиена од дел од вработените во Музејот.

„Во која насока ќе се движиме, ќе покаже понатамошната истрага. Утврдено дека имало незаконско работење кај дел од вработените, злоупотреба на службена положба и ред други пропусти. Треба да се индивидуализира и конкретизира одговорноста, но најважно од се е да се најдат и предметите кои недостигаат, доколку се уште се тука“, велат од полицијата за „Вест“.

Во канцелариите на кустосите во Музејот на Македонија било утврдено дека има 2-3000 предмети кои никаде не се евидентирани.

Вчера НОВА објави дека од најмалку 160 предмети за кои постои документација дека се исчезнати од Музејот, истражните органи утврдиле дека недостигаат 4 исклучително важни артефакти. Станува збор за златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 1.000 денари), златна обетка со приказ на лавовска глава и нецелосна златна обетка со чунеста форма, украсена со гранулации и палмети на која од горната страна има сфинга која седи (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 500 денари). Последниот предмет потекнува од ископување од 1964 година од локалитетот познат како Црквиште во битолското село Беранци

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.