Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не може секој да има јајца

0
By Zoran Ivanov on November 18, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 18, 2025 12:37

Кој сега да нè извади од овој магичен круг меѓу инфлацијата, која е двојно поголема од таа на еврозоната, и плати што се најниски во регионот, а кои „не смееле да се зголемат затоа што ќе сме имале нов бран на инфлација“. На крајот на краиштата, не мора секој да има јајца – ниту за јадење ниту за водење држава.

Весна Дамчевска

Табла јајца достигна цена од 360 денари, и тоа во најевтиниот синџир на маркети, и тоа со најмалите и најевтините. Истите тие лани, со велигденски попуст, чинеа и 180 денари. Урда веќе нема под 250 денари за килограм, кравјо сирење на некој попуст едвај може да се најде под 400 денари. Маслото за јадење е околу „стотка“ и се врати на цената кога изби војната во Украина и кога имаше огромна суша. Народски кажано – да се исплашиш да одиш во продавница.

За волја на вистината, според последниот извештај на ФАО, индексот на цените на растителното масло достигнаа највисокото ниво од јули 2022 година, а сончогледовото масло расте четири месеца по ред. Но, ФАО забележал и значително намалување на цената на млечните производи, поевтинување на месото, на житарките што резултира со пад на Индексот на цената на храната во октомври, исто како и во септември. Кај нас сите цени на храната одат нагоре, се зголемуваат и другите трошоци за живот. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5 отсто, а во еврозоната е „само“ 2,1 процент.

Нашата инфлација очигледно веќе не е увезена, а според Владата, Народната банка и сите економисти, се должи на зголемена домашна побарувачка, односно на растот на платите и на пензиите. Според економската теорија, тоа дефинитивно е така. И може многу лесно да се објасни: кога луѓето имаат повеќе пари, повеќе купуваат, а штом има повеќе муштерии, цената расте. Оправдувањето на Владата дека не може да се зголеми растот на минималната плата затоа што ќе се поттикне нова инфлација е лицемерно, затоа што во Буџетот за 2026 година веќе е предвиден 9,6 проценти раст на пензиите во однос на 2025 година, како и раст на платите во државната и во јавната администрација за седум отсто. А државата не смее за едни да биде мајка, а за други маќеа.

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека анализите покажале дека ако се зголеми минимална плата на 500 евра, може да се очекува инфлација од 8 до 9 проценти поради зголемена потрошувачка. На зголемувањето на платите што беа под секакво достоинство сега се гледа како на генератор на инфлацијата. Или, ако некој цел живот купувал маргарин и најевтино сирење, а сега си дозволил да купи путер и поскапо сирење, нека плати и повисока цена! Значи, пораката е – живејте сиромашки за да нема инфлација!

Kако функционираше тоа во нашата практика? Со години се водеше политика на ниски плати. Секоја влада си ја „седнуваше бизнис-заедницата во скут“. Си имаа свои фирми за примање партиски членови, свои донатори, свои тендерџии. А тоа некако мора да се „плати“. Затоа кај нас сè уште се исплаќа дел од платата во плик, уште нема нормална регулатива за исплата на К-15, туку некоја квазикованица „економски потешкотии“ може да остави работници и без регрес за годишен одмор. Нема ни нормален систем што регистрира прекувремена работа, нема инспектори што контролираат услови за работа…

Во таков амбиент со години лесно се манипулира со платата на работниците. Дури откако „се исели пола држава“, почнаа да растат и платите поради недостигот на работна сила, но и регионот го има истиот проблем, па повторно сме со најниски плати во однос на соседството.

Со зголемувањата на цените веќе не важи ни она дека кај нас е живејачката е многу поевтина, па куповната моќ на платите не е толку ниска како што делува на прв поглед. Во меѓувреме, се урнисуваа платите во јавниот сектор со намера административците да ги натераат да одат во приватни фирми. И тоа не профункционира, па стаса времето за поправање на грешките.

Кој сега да нè извади од овој магичен круг меѓу инфлацијата, која е двојно поголема од таа на еврозоната и плати што се најниски во регионот, а кои не смееле да се зголемат затоа што ќе сме имале нов бран инфлација.

На крајот на краиштата, не мора секој да има јајца – ниту за јадење ниту за водење држава. Само што тоа значи дека со години сме правеле погрешни избори, а дека во меѓувреме сме станале премногу сиромашни – и материјално, и духовно и општествено. Уште сме заглавени со самобендисани и самопресметливи политичари на кои мнозинството гласачи им го дало тоа право. На сопствена штета!

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

весна дамчевска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.