Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не можеш да бидеш наш затоа што смрдиш на туѓ

0
By Соња Крамарска on April 4, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Утрово ја гледам и читам веста за онаа несреќа наречена „Марјан Доказ“, осуден на три години затвор заради неговото „јавно делување“. Добро, ме лепеше и мене нa неговото интернет „нешто“, оти, нели, „во доказот се скривала вистината“ (?), ама тоа го знаат сите. Многу сум го дувал, знаете кому, и знаете сите. И бидејќи многу сум го дувал, време беше и од таа адреса рафално да се стрела мојата маленкост. И не само мојата, туку купишта луѓе беа дискредитирани, омаловажувани, клеветени…

Немам повеќе сомнеж, тешко дека во оваа земја можеш да бидеш признат и познат; тешко е, практично е невозможно, да бидеш почитуван или не дај боже сакан; не можеш, затоа што ти си дел од друго племе, дел си од друга култура, дел си од трибалниот чопор што се наоѓа на другата страна на ридот или џадето; не си наш затоа што смрдиш на туѓ: ако на нив си им добар, тогаш нас сигурно не би можел да ни чиниш, таква е логиката на овдешните Јужни Словени (само до вчера, сите антички, амин!).

Последниве триесет години, секој од нас одгледа купишта од паразити и штетници кои (на)балираа пари преку наративите за „чиста нација“, не само онаа „крвна“ (кога една будала ме праша дали јас сум бил Србин или Бугарин? Или кога ќе ме запрат на улица и ќе ми речат: „Ненаде, што ти е оној со презиме „Јовановиќ“?), туку и онаа „идејна“. Од друга страна, на оној што е туѓинец, можеби може да му го простиме неговото „туѓинство“, ама на оној кој е наш, а не размислува племенски, никогаш нема да му простиме.

А, се разбира, притоа, само себе сме се арбитрирале дека во нас лежи нашето врвно и стручно „вистинско“ мислење (а нè учеше Инспекторот Хари дека „мишљење је као и дупе и свако га има“, јел тако, србендо и геџоване?!) – таквото мислење кое од тебе прави патриот – од она погрешното, веројатно она мислење кое, пак, од мене прави предавник?

Да скратам: таквата гротескна екипичка, како овој „Марјан Доказ“ и слични на него, ама во лудачки времиња нималку неопасни, живеат од параинтелектуално „рентање“, то ест., од разни форми на симболичка – а богами и многу опиплива – наплата со помош на „патриотски рекет“. А кога таквите битанги ќе те прогласат за легитимен таргет, облекувај, брате мили, кожни гаќи. Добро, тие на тоа ќе ви речат, слушај, сега ти си јавна личност, знаеш како е!?

Мој qуwац знаеш додека не пробаш!

Мене на улица ми дофрлаа на пример дека сум предавник. Се возиш на точак, слушалките в уши, и слушаш некој јуродив непрокопсаник како ти дофрла: „евееее гоооо предавникооооот Неџооооо“. Ама немој да се лажеме: неписмениот уличен фиќфириќ не може да дојде до овие „револуционерни откритија“; на тоа го потикнуваат опскурните портали или, да се послужам со „мандиќевска“ парафраза (знам дека знаете за кого зборувам!?): „цариниците на духот“.

Механиката на дискредитација и дифамација е секаде иста: оној што им чини ним, не може да ни чини нас. Ако таквиот направил нешто добро за нив, тогаш таквиот мора да направил нешто лошо за нас. Оти не може нешто да биде добро за сите, а тоа да не биде прогласено за „еретичко“.

И оти светот во фашистичката глава не може да појми дека вие работите „за сите“. Световите на сите фашистички глави се дека јавниот простор или јавните институции, луѓето, персоните, се пиуни на бојно поле на кое ги изместува или преместува некој скриен и невидлив Демијург.

И кога еден ваков разбојник ќе биде осуден на три години за дискредитација, дефамација, рекет, нарачки и кој знае за што уште не, значи дека сите ние почнуваме да оздравуваме и опоравуваме. Оти, брате мој, едно е јавен интерес за сите, а сосема друго е кога на некому се обидуваш да му расплачеш мајче, и додека гледаш како го растураш човекот, не сфаќаш дека еден ден, сосема е возможно, и твојот ебан Доказ ти се растури во сопствениот ракав.

Извор: Фронтлајн


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

доказ колумна Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.