Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не оди вака, другари

0
By Биљана Секуловска on January 30, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 30, 2021 09:52

Водечкото 111 место на земјава во корупција на Транспаренси интернешнл не може да радува, но секако дека изјавата на вице-премиерот за борба против корупција- Љупчо Николовски, е охрабрувачка, инспиративна, во целото дно.

Како тој вели- не е пораснот степенот на корупција, таква е само перцепцијата на граѓаните. Тоа е само трик со кој граѓаните жонглираат, некаква нивна необјаснива илузија, расплинати и неповрзани ставови, кои не можат да оформат зрело, разумно мислење, замајувачки погледи, кои не значат ништо, а кога и значеле воопшто? Сосема олеснувачка состојба дека ништо и не се случува- тогаш, кога ќе се стават климавите, несигурни позиции на граѓаните, вистинска утеха за вакви црни, тажни статистики.

Сосема е во право Николовски, апсолутно и непобедиво тој е во право, затоа што не е важно што мислат граѓаните, како ја третираат власта, институциите, системот, дупката во која сите пропаѓаме. Конечно, дали навистина сите сме пропаднале, некој надвиснал, или  некој низ годиниве се искачил на врвовите. Од таму враќање нема, но, нека се сетат, треснување секако е многу можно, реално веројатно, очекувано и за жал, така изгледаат епилозите.

Различните судбини на власта и граѓаните не смеат да се мешаат, особено различноста на погледите, на личните перцепции за настаните и состојбите. Она што е исклучително и единствено важно, е каква е перцепцијата на власта за тоа дали има, ако воопшто има корупција, ве молам. Само тоа, и ништо друго не може да биде поважно. Граѓаните, нивниот став, нивното мислење, јасното осознавање и разбирање за тоа што им се случува ним, на државата, на власта, зошто би било, кога воопшто било критериум за напредок на едно општество?

Што може да има една власт од некаква си перцепција на некакви си граѓани?  Може да има едно големо ништо, празнина и дупка во која на крајот самата власт ќе пропадне, онака како што Џон Стјуарт Мил ги предупреди, пред неколку века, токму за перцепцијата на граѓаните:

“Кога некој навистина заслужува доверба во неговиот суд, зошто е тоа така? Затоа што тој умот го држи отворен за критиката на неговите ставови и однесување. Затоа што неговата практика е да го сослуша сето она што може да се каже против него, од тоа да го прифати она што е правилно и себеси да се објасни, и на другите да им ја експлицира погрешноста на заблудата.

Ни најсветиот човек, се чини, дека не може да се здобие со посмртни почести додека не се чуе и не се оцени сето она што ѓаволот би можел да го каже за него.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.