НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(НЕ)ОТЧЕТНОСТ : Граѓаните имаат право да знаат како општините ги трошат парите

0
By Нова ТВ on August 31, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не само граѓаните од општините со доминатно македонско население, туку и жителите од општините со доминатно албанско население немаа целосен увид за тоа како локалните власти ги трошат нивните пари. Само 23,7% од општините редовно ги објавуваат кварталните извештаи за полнење и празнење на општинските буџети.

Нетранспарентноста во трошењето на парите на граѓаните е надополнета и со недостаток на Завршната сметка и Годишниот извештај за трошењето на буџетските пари. Во состојба кога Владата ја промовира Македонија како една од земјите интерент – лидери на Балканот, и има ресорно министерството за информатичко општество, a дел од општините немаат функционална интерент страна, што е уште еден показател кој упатува на нетранспарентност во работата на локалните власти, пишува Порталб .

Како општините ги трошат парите?

Алармантни се сознанијата што ги обелодени најновото истражување за буџетската транспарентност на локално ниво, што го спроведе Центарот за економски анализи. Предлог буџетот за годинава, како значaен документ за граѓаните, бил достапен само на веб страните на девет општини, или само кај 11 проценти од вкупниот број на општини. Кај 33 општини е добиен на барање а кај останатите 38 општини не бил воопшто достапен или не бил добиен.

Во скопскиот регион, на пример општина Арачиново, Кисела Вода, Сарај, Чучер Сандево, Чаир, овозможуваат достапност на документите поврзани со трошењето на народните пари само на “барање“. Општина Студеничани, според истражувањето на ЦЕА, не ги објавува (или воопшто не постојат ) документите: Предлог-буџет, квартални извештаи, Завршна сметка, Годишен извештај за Буџетот. И на ниво на земјава, состојбата не е значајно подобра.

Општина Дебар, Пласница, Чешиново Облешево, Брвеница, објавуваат документи за тршењето на парите на граѓаните само на барање.

Еден од клучните документи, кои не се објавуваат а се значајни за увид на јавноста се кварталните извештаи за тоа како се трошеле парите на граѓаните.

– Општините ретко ги објавуваат кварталните извештаи за извршување на буџетот, имено за последната година, само 19 општини редовно ги објавуваат кварталните извештаи за извршување на буџетот на посебно место на веб станицата или како дел од службените гласници на општините, додека за 48 отсто, кварталните извештаи се добиени по пат на барање, а за 13 општини истите не се достапни, посочуваат од Центарот за економски анализи.

Проблематично е и со документите Завршна сметка и Годишен извештај.

– Овие податоци, заедно со претходните истражувања за транспарентноста на централно ниво, покажуваат дека Македонија сеуште има проблеми со буџетската транспарентност. Дополнително, на централно ниво ние сме сведоци дека неколку години Буџетот се носи во отсуства на собраниска дебата, што дополнително ја влошува позицијата на Македонија, кога зборуваме за буџетската транспарентност, велат експертите.

Во ерата на интернет експанзија, и во состојба кога во бриселските извештаи Македонија е фалена како лидер во овој сектор, дел од локалните самоуправи сеуште немаат функционални интренет страни преку кои граѓаните ќе можат да се информираат.

– Постојат општини кои се уште немаат функционални официјални веб страници, општини кои имаат веб страници само на албански јазик, веб страници без ажурирани информации, страници кои воопшто немаат документи поврзани со буџетот, посочуваат од ЦЕА.

(Не)транспарентност и на централниот Буџет ?

Не само на локално, нетранспарентноста е пробелм и на централно ниво, на што упати и неодманешниот извештај на Државниот ревизор посветен на извршената ревизија на Основниот Буџет за 2014 година. Парите потребни за финансирање на старатешките приоритети потребно е да се предвидат со Фискалната стратегија, која треба да биде усвоена и донесена од Владата најдоцна до 31.мај, во тековната година, но според ревизорот овие законски рокови не се почитувани, пишува Порталб.

Тој што ги троши парите, мора да каже каде и како

Грѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари, а властите, без разлика дали се на локално или на централно ниво, имаат обврска да даадат отчетност, бидејќи во отсуство на целосни инфрмации, се остава простор за манипулации и злоупотреби, велат економистите.

Според Центарот за економски анализи за да ја зголемат тарнспарентноста, општините треба да се обврзат целосно и навремено да ги објавуваат Предлог буџетот, Буџетот, Завршната сметка и периодичните извештаи за извршување на буџетот како и целосно и детално објавување на документите и на редовните извештаи за извршување на буџетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.