Јани Макардули: За само 9 месеци, паднаа во вода сите предизборни ветувања, како на ВМРО-ДПМНЕ, така и на ВЛЕН. Ниту има нова преговарачка рамка, ниту за 6 месеци се случија уставните измени. Дополнително, показател дека се бега од ЕУ патот, е односот кон соседна Република Бугарија. Во јавноста се купуваше време со немањето влада во Бугарија, но сведоци сме дека нема ниту една иницијатива од владата. Ако е приоритет ЕУ, зарем нема да се биде досаден со постојано барање за средби? Нас ни гори, затоа, ние сме тие кои мора континуирано да бараме средби. Линк