Претседателот на Народното собрание на Бугарија, Никола Минчев, во интервју за БНР, изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично ќе нема едногласно кревање на ветото за Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.

„Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема“, рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.