Си измиле лице, се напиле кафе, излегле на улица но не нашле работа – НОВА ги интервјуираше младите невработени луѓе.
Велат дека не е вистина она што го кажа министерот Ристовски дека биле мрзеливи, туку нема за нив работа во државата.
Повеќето од нив истакнуваат и дека не би се нафатиле да работат било што бидејќи треба да се насочат кон онаа професија за која студирале и се стекнале со диплома за високо образование.
Сепак дел од размислувањата на младите се дека во Македонија и доколку имаат завршено високо образование не може да најдат работа со што единствениот избор е да работат било што како би можеле да заработат.
Коментарите на изјавата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски околу вработувањето на младите веќе втор ден се хит на социјалните мрежи. Корисниците на Твитер беа особено креативни во пораките кон министерот. Радио МОФ објави некои од нив.