Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не со децении – Мицкоски може да чека и цел век

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 31, 2026 12:15

Овие од власта Бога молат ништо да не се смени. Се вака да остане. Да трошат буџети во милијарди евра, без контрола, без владеење на право, со правила на игра кои важат за сите останати, освен за нив. И ова го прават дури и кога е јасно дека целата наша економија е поврзана и зависна од ЕУ.

Џелал Хоџиќ

Вчерашната изјава на Мицкоски, во која вели дека Северна Македонија може да чека со децении за да го продолжи својот пат кон ЕУ, изгледа сосема искрена од негова страна. Му се гледа искреноста во очи. Сепак, таа изјава е многу проблематична ако се земе во предвид стратешката цел на државата – членство во ЕУ.

Впрочем, целта за членството во ЕУ не е случајна. Таа наша желба не е падната од небо. Таа желба е резултат на нашата определба да се обезбеди пристојно место за државата, позиција преку која државата ќе може сериозно да се развива, а граѓаните да добијат институции кои ќе овозможат услуги за пристоен и достоинствен живот.

Немам дилема дека Мицкоски со неговите партиски другари, заедно со олигарсите, од оваа позиција би можеле да чекаат уште децении за да ова држава направи исчекор кон ЕУ. Не децении, тие од овие позиции, со тие повилности, со таа моќ и надпросечни примања, како и со тие богатства, јас сум убеден дека можат да чекаат и цел век. До крајот на нивните животи. Сепак премиерот, владата, парламентарното мнозинство и олигарсите кои го поддржуваат треба да разберат дека овде не се работи за нивните судбини.

Затоа дене некој треба да им постави неколку прашања:

– Може ли да издржи обичен човек со најмалата минимална плата во сиромашниот регион во Западен Балкан?

– Како да издржи едно семејство со просечни плати од 1-ви до 1-ви, кога животот станува се поскап, а просечните платите помали дури од оние во БиХ, Србија и Црна Гора?

– Како да издржи едно социјално загрозено семејство, кога државата додека им тинтра на богатите олигарси, заборавила на најсиромашните? А државата има превземено уставна обврска да создаде систем на функционална социјална држава….

– Како да издржи еден обичен граѓанин, кога ходниците низ здравствените јавни услуги се претворени во пекол, а притоа нема да си дозволи да плати во приватните болници?

– Како родителите да обезбедат пристојно образование за своите деца? За елитата која повикува на изолационизам не му се мислам, како по правило, во огромно мнозинство, нивните деца се на скапи универзитети на Запад.

Огромна ароганција произведува моќта, на првиот ешалон од власта, како и на олигарсите.

Немаат они никакво морално право на оваа држава да и наметнуваат изолационистички политики, ниту на овие граѓани да им ја кројат судбината да живеаат во “црни изолирани дупки” со најниски примиња во Западен Балкан.

Власта нема контакт со реалноста, како просечен човек и семејство преживува. Овие од власта Бога молат ништо да не се смени. Се вака да остане. Да трошат буџети во милијарди евра, без контрола, без владеење на право, со правила на игра кои важат за сите останати, освен за нив. И ова го прават дури и кога е јасно дека целата наша економија е поврзана и зависна од ЕУ.

Олигарсите исто така Бога молат да ја одржуваат ефтината работна сила и монополите, позиција која произведува огромни милиони екстра профит на нивните сметки. Па потоа мал дел од тие милиони ќе вложат во ним блиските партии и медиуми, да ја одржуваат оваа и за нив поволна ситуација.

Оваа изолационистичка политика е осудена на пропаст. Прашање е само на време. Таа ќе биде поразена од идејата за Северна Македонија како демократска држава, економоски развиена и интегрирана во ЕУ.

Треба некој од советниците да му шепне на премиерот и неговата екипа, филмот “Ако треба и корења ќе јадеме” одамна произведе трагичен крај на режимот на Милошевиќ. А не помина многу славно ниту режимот на Груевски додека ја изолираше државата од развиениот и демократски свет.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна ФБ џелал хоџич
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.