Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не треба да се создава притисок за рокови кај Историската комисија, в среда во Скопје разговори на експертско ниво, рече Османи

0
By НОВА ТВ Balaban on February 17, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма – процесот да се извади од Историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот Парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна деклрација за Гоце Делчев. Тоа не е решение, оценува шефот на дипломатијата.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи,  вечерва изјави дека не треба да се создава притисок со рокови кај Заедничката историска комисија со Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања.

Османи, во гостувањето на ТВ Сител, исто така најави дека следниот состанок на експертско ниво со Бугарија, ќе се одржи на 23 февруари во Скопје.

– Тие состаноци алтернативно се менуваат. Во Софија имавме на состанок на политичко ниво, потоа имаше повторно на експертско ниво во Софија, деновиве очекуваме повторно да имаме разговори на највисоко политичко ниво, за потоа на 23т-и во Скопје ќе има разговори на експертско ниво, рече Османи.

На тој начин, според него, експертите обработуваат некоја тема, политичарите даваат свои политички погледи и насоки и така треба да ја имаме потребната слика минувајќи ги сите филтри, со цел ниту едно решение да не остане неанализирано како што треба.

– Имаме пристап што е малку поразличен од претходните, сега имаме работни групи, од кои четири се секторски, една е Историската комисија. Затоа честопати велам оти четири пати зборуваме за иднината, а еднаш за минатото и тоа кажува за новиот пристап што го внесовме во овој нов циклус. Денеска се одржа Работната група за култура, секоја седмица се одржува средба на работните групи, на кои се конкретизираат одредени проекти, како што беше авиолинијата Скопје-Софија. Тоа е брзо конкретизирање на тие работни групи со цел да се создаде амбиент и атмосфера, а паралелно разговараме за политичките прашања, односно за спорните прашања и тоа на две нивоа, и на политичко и на експертско ниво, истакна во одговор на прашањето за неговата изјава во неделата оти се уште нема напредок по клучните прашања.

Прашан дали може без финално решение на Комисијата за историски прашања да почнеме преговори со ЕУ, Османи вели дека таа Комисија е долгорочен процес и оти нејзина цел е да ја конзервира темата во неа, за општествата и политичарите да не дебатираат за историја и тие историски прашања, како што вели, да не ја контаминираат билатералната, секојдневна комуникација.

– Тоа е најважниот квалитет на таа Комисија и доколку тие успеат да ја задржат дебатата само кај нив, со тоа значително ќе ги растеретат општествата да соработуваат, а истовремено ќе има механизам каде ќе се надминат разликите бидејќи ние велиме, да, треба да се надминат тие разлики, но никој не очекува  дека до одреден рок историската комисија ќе даде резултати, истакна Османи.

Според него, овој пристап не треба да создава притисок за рокови, но треба да создаде доверба кај двете страни дека сепак нема намерно кочење, нема намерно одложување, туку дека има еден нормален процес на научна дебата.

Во однос на предлог-декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Гоце Делчев, поднесена во Собранието, Османи оцени дека таа е класично политичко киднапирање на важно национално прашање за дневно-политичка потреба.

– Никој нема проблем со содржината на предлог-декларацијата, туку со нејзината форма – процесот да се извади од Историската комисија, да се префрли на политички фронт, да стане обид за компетиција со бугарскиот Парламент кој од двата парламента ќе донесе посилна деклрација за Гоце Делчев. Тоа не е решение, оценува шефот на дипломатијата.

Бујар Османи историската комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.