Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неблагодарен народ

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 22, 2026 12:06

 

Кога приоритетите се судираат, прашањето е: кој треба да се смени – народот или власта?

Џабир Дерала

Не можам да ги разберам луѓето. Зарем заборавиле сѐ што е вредно и трајно, сѐ што е возвишено – и што во буквална смисла високо лета?

Зарем само моменталните телесни потреби им останале – јадење, пиење, спиење во топла соба… преживување? Ништо ли човечко не останало во нив?

Наместо да мислат на убави и вредни нешта, трајни нешта – големи идеи, симболи да државност, македонска гордост, национална чистота – тие бараат повисоки плати! И тоа не некои плати за достоинствен живот, туку цркавица, ама само малку повисока. И за што? За да јадат малку повеќе, само малку повеќе! И таман колку да направат беља во буџетот.

Каква ли е тоа приземност… Тотална примитива, човече!

Наместо да се прашаат како да му купат авион на премиерот, неговата свита и неговата штитеничка од вилата Водно – тие мислат на леб, млеко и сметки. Наместо визија, тие се преокупирани со својот фрижидер. Наместо да мислат за доброто и благосостојбата на големиот државник, тие мислат на својот празен паричник.

Понов авион, поубав, побрз, луксузен – тоа е мислата што го прави човека горд Македонец. Грижата за лидерот, тој да не се плаши и да не се моли за својот живот кога го освојува светот со својот шарм, памет и прецизност.

Не, тие мислат на јадење и пиење. И после, се чудиме зошто не нè бива.

Не можам да се изначудам како не гледаат дека тој авион е за доброто на државата, за гордоста и достоинството – трајна вредност. Не нешто што се внесува во телото и се исфрла за неколку часа потоа. Фуј, каков неблагодарен народ! Да, треба да се смени народот, дефинитивно.

Искрено, јас да сум премиер од калибарот на овој што го имаме, веднаш би им кажал на овие неблагодарници веднаш да си бараат нов државен врв.

Да, да! Добро разбравте. Би им кажал да си ја побараат среќата со други лидери. Да бидам попрецизен – не можам како премиерот, но ќе се обидам – би ги сменил сите, до еден. Би им кажал да си одат. Сосе фамилии, пријатели, комшии, нека си одат на друго место, каде што приоритет е фрижидерот, а не возвишените државнички идеи, како што е набавката на нов авион.

Така е, да сум на местото на премиерот, не би се двоумел ни секунда. Би го распуштил народот. Целиот.

„Ви благодарам на соработката, но не ги исполнувате основните услови да бидете народ на мојата држава. Слободни сте. Одете кај сакате“, така би им рекол.

И би наредил да се увезе дисциплиниран народ од братски држави како Северна Кореја, Кина, Зимбабве и Русија. Не, Русија, не, тие се потребни за умирање на друго место. Од Белорусија. Да, може од Белорусија, тие се добро тренирани и сигурно ќе сакаат да му купат авион на државниот врв, а секако и помалку да јадат, ако треба и да гладуваат.

Дисциплиниран. Воспитан. Народ што знае што е приоритет. Лојални и скромни луѓе. И горди.

Народ што разбира дека авионот е поважен од апетитот, дека достоинството не се мери со плата, и дека вистинскиот патриот знае кога треба да јаде помалку, за да може лидерот, а со тоа и државата, да лета повисоко.

Ете така. Само размислувам. Што мислиш ти?

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.