Мал авион од типот Цесна го надлетува централното градско подрачје на Скопје со транспарент ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО.
Инаку, Македонската фудбалска репрезентација ги одбројува последните часови пред дебитантскиот настап на Европските првенства и натпреварот против Австрија в недела од 18 часот на Националната арена во Букурешт.
На 17 јуни С. Македонија во Букурешт ќе игра против Украина, а на 21 јуни во Амстердам ќе ги одмери силите со Холандија.
Македонија се пласираше на европско првенство за прв пат од осамостојувањето.