Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделава Хосни Мубарак би можел да излезе од притвор

0
By Нова ТВ on August 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соборениот египетски претседател Хосни Мубарак би можел да излезе од притвор уште во текот на оваа недела. Извори од египетското правосудство соопштија дека судот наредил негово ослободување, објавува Дојче Веле.

Хосни Мубарак во моментов е во притвор поради обвинувања за корупција. Тој и неговите двајца синови се обвинети дека проневериле пари за претседателските палати. Од кругови во правосудството сега се вели дека постапката што се води за проневера на јавни средства при градежни проекти е вратена до обвинителството, затоа што обвинението треба да се прошири на уште четворица соучесници.

Адвокатот на Мубарак, Фарид ал Диб, за агенцијата Ројтерс изјави дека се очекува ослободување на Мубарак во рок од 48 часа.

Мубарак беше соборен од власт во 2011 година. Против него се води и постапка поради обвиненија за убиство на демонстранти за време на немирите во Египет, по кои тој беше соборен од власт. Мубарак во јуни 2012 година беше осуден на доживотен затвор поради употреба на насилство за време на масовните протести против неговото владеење. Ваквата пресуда, меѓутоа, поради грешки во постапката, подоцна беше укината. Во мај годинава судскиот процес почна одново.

Мубарак ги демантира обвинувањата и се изјаснува за невин. Тој не може да остане во притвор додека не заврши овој судски процес, поради тоа што минаа повеќе од две години, што, според египетскиот закон, е максимална должина на престој во притвор до изрекување пресуда. Судскиот процес меѓутоа продолжува, иако Мубарак треба да излезе од притвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.