Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нефрон: Да се зголеми бројот на трансплантации на бубрези

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2019 14:54

Кога ќе дојдете до крајот и кога ќе сфатите дека за вашиот близок веќе нема никаква надеж убаво е да се пружи надеж на некој друг, убаво е кога знаеме дека нечиј друг живот ќе тргне во некоја нормала. Значи тоа е тешко, сознанието дека го губиш блискиот, а воопшто не е тешко сознанието дека на некого му помагаш и му даваш шанса за подобро утре. Кога емотивно ќе си сфатиме дека некој дел од нашите блиски продолжува да живее малку олеснува, истакна на прес-конференција на Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, Марија Кежаровска, од чија почината мајка биле донирани двата бубрега, трансплантирани на двајца млади пациенти кои биле на дијализа.

На прес-конференцијата по повод одбележувањето на Европскиот ден на органодарителството, од име на транплантираните пациенти се обрати Кирил Јанчовски од Скопје, пациент кој добил бубрег од кадавер(починат донор) во ноември минатата година. Потенцира дека целиот процес поминал одлично без компликации.

– Кадаверичната трансплантација (трансплантација на орган од починат донор) е можност за втор живот и им се заблагодарувам на сите семејства кои се согласиле да донираат органи од нивните починати блиски и им овозможиле на одреден број пациенти да имаат нормален живот, додаде Јанчовски.

Во врска со бројот на извршени трансплантации, директорот на Клиниката за урологија, Сашо Дохчев, кој е шеф на тимот за трансплантација, рече дека годинава се извршени 13 трансплантации од кои шест се кадаверични.

– До крајот на годинава се планирани уште шест трансплантации. Го исполнуваме просекот од 20 трансплантации годишно што можеби е малку, но е доволен за наши услови. Досега се извршени 414 трансплантации од кои 45 се кадаверични, додаде д-р Дохчев.

Претседателот на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, Душко Ѓорѓиев рече дека недоволен е бројот на извршени трансплантации и дека тој треба да се зголеми.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека интензивно работат со националниот координатор и сите одговорни за трансплантација, но не само на бубрези, посебно сакајќи да ја интензивираме кадаверичната трансплантација.

– Разговаравме и со експерти од областа на кардиохирургијата, со експерти од областа на гастроентерохепатологија, дигестивна и торакална хирургија, пулмологија со цел да ги анализираме нашите пациенти кои чекаат трансплантација не само на бубрези, туку и на срце, бели дробови и црн дроб. Со таквите национални листи кои се веќе при крај во ноември планираме состанок со претставници на Еуротрансплант од Љубљана и од Загреб со кои сакаме да потпишеме договор за соработка со кој би станале некоја форма на придружна членка кон Еуротрансплант, рече Филипче.

Најави дека ќе почне постапката за целосна реконструкција на одделението за интензивно лекување и реанимација и при крај е проектот за целосно реновирање на Клиниката за урологија во кој дел спаѓа и Центарот за трансплантација.

– На крајот на идната година целосно ќе се завршат овие активности и ќе имаме современи одделенија со највисоки стандади според кои ќе се лекуваат трансплантираните пациенти, додаде Филипче.

Од Министерството за здравство посочуваат дека секоја година изготвуваат годишна Програма за трансплантација, со цел дополнително унапредување и евалуација на системот за трансплантација, како и подигнување на свесноста кај граѓаните за значењето и придобивките од органодарителството. Годинава за реализирање на активностите од оваа програма се наменети шест милиони денари. Исто така, Министерството изготвува и посебна Програма за обезбедување на трошоците за болни, кои се третираат со дијализа, која изнесува седум милиони денари,

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, пак, истакна дека од финансиски аспект трансплантацијата е исплатлива. Според него, од голем бенефит е доколку можат да постигнат такво ниво на значителен број трансплантации.

По завршувањето на прес-конференцијата пред просториите на Здружението „Нефрон“ беа засадени две липови дрвца во знак на благодарност на сите кои донирале органи, а беше поставена и спомен плоча.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.