Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесен почетокот на рочиштето за Диво насеље, минатото беше прекинато

0
By Нова ТВ on March 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 8, 2016 09:33

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи петтото рочиште за судскиот процес Диво насеље. Рочиштето требаше да се одржи на 2 март, но беше одложено поради немање услови за одржување на главната расправа во Судот.

Тројца од адвокатите на обвинетите тогаш ја напуштија судницата, поради, како што наведоа, лошите услови во кои се одвива судењето и се казнети со по 1.200 евра поради нарушување на редот во судницата и оневозможување на услови за одржување на главна расправа.

Сепак, неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи на последното адвокатите на обвинетите најавија дека ќе го бојкотираат судењето доколку Основниот суд Скопје 1 не обезбеди соодветни услови за работа на одбраната, како и место за барем по еден роднина на обвинетите.

Адвокатите бараа да се исполни основното начело на фер, правично и јавно судење, односно на секој бранител да му се овозможи да седи до обвинетиот што го застапува, присуство на најмалку по еден од роднините на обвинетите, како и присуство на новинарите.

Првите две рочиште за случајот Диво насеље во кој се обвинети 29 лица се товарат за тероризам и учество во терористичка организација се одржаа во големата сала Врховниот суд.

Скопскиот Кривичен суд ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите во судскиот процес „Дива населба“ дека судот не обезбедува услови за водење на постапката.

– Бидејќи Врховниот суд го одби нашето барање за користење на големата сала на овој суд, главната расправа се одржува во големата судница на нашиот суд каде се обезбедени сите неопходни услови согласно Законот за кривична постапка за водење на процесот, велат од Судот.

На судењето, како што беше наведено во соопштението, освен обвинетите и нивните бранители, како и лицата задолжени за спроведување и обезбедување, во судницата биле присутни и претставници на мисијата на ОБСЕ и Косовската амбасада.

– Дополнително, заради транспарентно и непристрасно следење и пренесување на случувањата во судницата, судот обезбеди видео-конференција од судењето за медиумите, во библиотеката на судот каде присуствуваа 23 новинари од различни медиуми, како и претставници на Хелсиншкиот комитет и Коалицијата – Сите за правично судење, се вели во соопштението.

И покрај ваквата состојба, како што посочија од Кривичниот суд, во судницата биле обезбедени дополнителни 10 до 15 места предвидени за роднините на обвинетите кои побарале присуство како јавност.

На 29 мината обвинети им се суди за настаните од 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Диво насеље, кога вооружена група се судри со безбедносните сили, при што загинаа осуммина полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.