Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неколку активни пожари во моментов низ Македонија

0
By Ivana on August 4, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во нашата земја до 12 часот состојбата со активни пожари и пожари за кои опсасност за повторно активирање е следна:
Струмички регион
Пожарот во месноста Погана кој започна на ден 01.08.21 година околу 12:30 часот и зафати површина од околу 800 Ха ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар и јасен) е сеуште активен. Од синоќешниот состанок на Кризниот штаб, на кој учествуваше и Директорот на ЦУК договорено е во текот на денешниот ден да интервенираат ТППЕ Валандово со 7 пожарникари и 2 ПП возила, ШС со 20 вработени, ПО ДЗС Валандово со 7 вработени, ТППЕ Неготино со 3 пожарникари и 1 ПП возило и АРСМ со 80 припадници, ЈП МШ ПСШ Кожув Гевгелија со 16 вработени и 3 теренски возила и општина Богданци со 6 вработени, 2 возила и 2 мотори. На пожарот е договорено да дејствува и хеликоптер на АРСМ како и екипа на ЕВН со 2 теренски возила и 2 трактора за пренос на храна и вода за учесниците на пожарот. Пожарот на отворен простор кај м.в.Погана кој гори на територијата на ПШС Кожув е ставен под контрола.
Кумановски регион
Пожарот во с.Дренок кон Отошница – општина Ранковце, моментално е локализиран, но постои опасност од повторно активирање. За таа цел е неопходен постојан надзор и контрола од шумски работници на ЈП НШ подружница Куманово. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 13 војници од АРСМ и 7 пожарникари од општина Ранковци. Околу 07:30 испратени биле и 4 хеликоптери од Р.Србија и 25 војници од АРСМ од кои 13 во с,Дренак а 12 во с.Вржогрнци – општина Ранковце. Од вчера до сега во с.Дренак изгореле 14 куќи и 1 школо.
Шумски пожар во почетна фаза во реонот на с.Алинце кон с.Брешко. Екипите се упатени на терен. Пожарот во с.Мургаш кој синоќа беше изгаснат околу 04:00 повторно се активирал. На терен е екипа од ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило.
Пожарот во атар на с.Коњух кој започнал на ден 03.08.2021 година околу 12:00 часот е сеуште активен на непристапен терен за возила. Во гасењето на пожарот учествуваат 7 пожарникари од ТППЕ Кратово, 8 вработени од ЈП Македонски Шуми, луѓе од месно население и службеници од ПСОН Кратово. Пожарот е на поголема површина но нема опасност по куќите во селото.
Битолски регион
Пожарот кој е започнат во 13:10 часот на ден 02.08.2021 година во атарот на во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица, општина Прилеп е сеуште активен. На ден 04.08.2021 година околу 04:00 часот испратена е екипа од 10 пожарниакри со 2 теренски возила од ТППЕ Прилеп да интервенира на истиот. Командирот на ТППЕ Прилеп изјавил дека побараната помош од армијата во текот на вчерашниот ден, до овој момент не е потребна, но со командантот на касарната е договорено војската да биде припремна и на готовс, доколку има потреба ќе бидат активирани. На терен од 06:00 часот е присутна и екипа од 6 вработени од ЈП Македонски Шуми „Црн Бор“ Прилеп. Пожарот во нискиот дел е под контрола со слаб интензитет а гори во високиот дел каде е непристапен теренот. Нема опасност за населението и објекти од населените места. Према проценката, до овој момент нема потреба од дополнителна помош.
Штипски регион
Пожарот од 02.08.2021 година кај м.в.Бајаз Тепе – општина Пехчево е сеуште активен. На терен моментално интервенираат екипа на ШС „Равна Река“ со 18 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз, екипа на ШС „Малешево“ со 8 вработени и 2 теренски возила со цистерни, ТППЕ Берово со 4 пожарникари со 1 теренско возило и ДЗС со 3 вработени со 1 теренско возило. На пожарот интервенираат и луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста борова и дабова шума со што доаѓа до негово ширење, нискостеблеста вегетација, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање. Во секој момент се очекува и поддршка од хеликоптерите.
Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало – Пасјак е сеуште активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент е опожарена површина од околу 350 Ха со борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 90 припадника на АРСМ, 25 Ввработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерна и едно теренско возило, 3 припадник на Гранична полиција со 3 теренски возила и ЈПКД „Брегалница“ со 7 вработени со 1 теренско возило и 1 вработен од РЦУК Делчево. Во ганењето на пожарот е ангажиран и 1 хеликоптер на АРСМ. Пожарот е сеуште активен и се шири во правец на маало Балабанци.
Пожарот кој започнал на ден 02.08.2021 година на потегот Костин Дол – Ново Село, општина Кочани е сеуште активен. На терен има екипи од ТППЕ Кочани, 40 војници и старешини од АРМ, 11 вработени со 2 теренски возила од ШС „Осогово“ Кочани, 1 ејипа со противпожарен џип од ШС Радовиш и тимови од ДЗС од Берово и Виница.
Скопски регион
Пожарот кој започнал околу 19:20 часот на ден 02.08.2021 година над Катлановска бања, с.Градманци и с.Коњари е сеуште активен но нема опасност за загрозување по животот на населението. Моментално гори мешана шума на непристапниот предел на сртот над Катлановска бања. Моментално на терен интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила кои се распоредени на потребните критични локации. Состојбата е координирана со Локалната самоуправа Петровец и ПП бригадата на Град Скопје.
Тетовски регион
Од овој регион известуваат дека од страна на ТППЕ Тетово добиена е информација дека во с.Нераште – општина Теарце гори депонија која се наоѓа покрај патот што води кон с.Радуша. Испратена е екипа од ТППЕ Тетово со 3 пожарникари и 1 ПП возило.
активни пожари Македонија ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.