Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој рече дека веќе била изразена подготвеност за оние пациенти каде ќе треба „подолгорочна и попрофесионална рехабилитација“.
Во следните денови ќе известиме и каде може да бидат сместени тие пациенти, доколку има потреба за подолготрајна рехабилитација. Најверојатно од тие потешките, сигурно некои ќе имаат и таква потреба, рече Таравари.