Поранешниот претседател на Јужна Африка и борец против апархејдот Нелсон Мандела излезе утринава од болницата во Преторија соопшти актуелниот претседател Џејкоб Зума.
Зума потенцира дека Мандела и понатму е во критична состојба, но дека утринава заминал дома во Јоханесбург каде што ќе има интензивна нега.
-Во неговата куќа ќе добива интензивна нега од истите луѓе кои го лекуваа во болницата. Доколку неговата здравствевна состојба се влоши повторно ќе биде вратен во болница изјави Зума.
Мандела беше во болница од 8 јуни поради хронично воспаление на белите дробови.