Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: Нема да дозволиме Филхармонија да биде жртва на бесрамни политички договори

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 21, 2025 14:58

Скопје: Вработените во Македонската филхармонија денеска на протест упатија јавен апел до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, да ги почитува законските одредби при изборот на директор на нашата институција.

Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори. Бараме Министерството за култура и туризам да го избере најдобриот кандидат на конкурсот за директор на Македонската филхармонија односно кандитатот кој ги исполнува сите услови од конкурсот: да има најмалку пет години работнен стаж или искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик -B2.

Оваа Влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, постојано го истакнува системот на заслуги како клучен при изборот на раководни кадри. И дека главен критериум се вештините, вредностите и заслугите на поединецот, а не неговата политичка припадност или фаворизирање по друга основа.

Доколку се избере кандидат на конкурсот за директор на Македонската филхармонија, кој бил претходно договорен меѓу коалициските партнери на власта, тогаш јасно ќе биде дека заложбите за поставување квалификувани кадри се само декларативни и дека единствено партиските заслуги се критериум за поставување директори, велат протестантите.

Бараат од министерот за култура и членовите на комисијата за избор на директор, да се придржуваат до законската процедура и критериумите во конкурсот и со тоа да докажат дека системот на компетенции се почитува. Во спротивно како што велат, целата документација од постапката за избор, ќе биде побарана како информација од јавен карактер и споделена со јавноста.

 

филхармонија протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.