Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема добар систем за лекување на зависниците од дрога

0
By Нова ТВ on April 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 21, 2013 09:26


И по повеќе од две децении откако беше воведен третман за лекување на зависниците од дрога, работите тапкаат во место. Најголем дел од нив остануваат на улица. Едвај 10% од нив се вклучени програмата за лекување со метадон, која што од неодамна повторно е отворена за прием на нови пациенти. Сепак, појаснуваат од Центарот за заштита и третман на зависници во „Кисела Вода“, се чини тешко дека ќе има место за сите што ќе побараат метадон.

За квалитетен систем за лекување и борба против зависноста од дрога не станува ниту збор. По 10 години инјектирање хероин, и уште седум години неуспешно лекување со метадон во земјава, Велимир својот спас го најде на клиниките во Германија. Таму ви го даваат метадонот строго контролирано, вели тој, лекарите постојано Ве следат, а психосоцијалната поддршка е дел од терапијата. Кај нас, посочува Велимир, освен метадон, не добивте ништо повеќе.

Во меѓувреме во земјава се создаде црн пазар на метадон. Истовремено бројот на зависници од дрога расте, покажува статистиката на невладината организација Доверба. Ако во 2009-та кај нив се јавиле 467лица од кои 123 побарале третман, лани бројката се искачила на 1213 зависници кои сакаат третман или речиси 2000 што побарале помош од организацијата. Проблемот не е само во парите, донациите од Глобал Фонд пропаѓаа, велат од „Доверба“. За нив поголем проблем е немањето системски пристап и желба да им се помогне на овие луѓе.

Лекувањето на зависноста од дрога е долго и тешко, но постои надеж. Иако секој ден е нова борба, Велимир по своето враќање од Германија уверува дека нема посегнато по дрога.

Паднаа во вода обидите за создавање заеднички регистар на зависниците кој ќе го користат невладините и засесегнатите институции. Иако беше договорено, засега нема најави ниту за отварање на Центар за психосоцијална рехабилитација на корисниците на дрога. Во „Кисела Вода“ се жалат дека немаат доволно медицински персонал за работа.

Од државниот буџет пак 600 илјади евра се потрошија за 5-те контраверзни спота дел од кампањата за превенција од дроги. Ефектот, велат од Доверба, изостана.

Јасмина Јакимова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.