Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема договор за кандидатите за новите ЕУ функционери-нов обид на 30 јуни

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 ВЕСТИ
AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 07:36

Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор вчера за номинациите на клучните позиции во следниот мандат на европските институции, нов самит е предвиден за десеттина дена.

Шефовите на држави и влади сепак успеаја да се договорат кои кандидати отпаѓаат за претседател на Европската Комисија: Манфред Вебер од Европската Народна Партија, Франс Тимерманс на Социјалдемократите и Маргарет Вестагер на Либералите.

Тројцата беа кандидати за шеф на Европската Комисија на нивните партии на последните европски избори, но повеќе лидери на моќни европски земји се против процесот на таканаречени „Шпиценкандидати“, процес според кој кандидатот на победничката партија треба да биде назначен на чело на европската извршна власт. Шпанија и Франција од самиот почеток најавија дека нема да го прифатат овој процес и дека идниот претседател на ЕК треба да биде резултат на компромис меѓу земјите и партиите.

– Јасно стана од една страна во Европскиот Парламент утрово, и тука попладнево, дека нема можно мнозинство за имињата кои начелно се разгледуваа, изјави синоќа по првата седница на Европскиот Совет францускиот претседател Емануел Макрон.

Шефовите на Либералите и Социјалдемократите во Европскиот Парламент вчера ставија на знаење дека кандидатот на ЕПП Манфред Вебер е неприфатлив за нив, меѓу другото поради неговата блискост со контроверзни фигури како унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Кандидатот за претседател на ЕК мора да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент и без гласовите на Либералите и на Социјалдемократите, кандидатурата на Вебер автоматски отпаѓа, како што призна синоќа и германската канцеларка Ангела Меркел, која стоеше зад Вебер.

Освен тоа, кандидатите треба да бидат прифатени од Советот, односно од земјите членки.

-За претседател на ЕК, трите имиња отпаѓаат, нема мнозинство во Советот, како што немаше мнозинство утрово за господинот Вебер, рече Макрон.

Тој додаде дека неговиот отпор кон германскиот кандидат на десницата се должи на фактот што тој не е доволно компетентен и искусен.

-Иднава недела треба да изнајдеме имиња кои имаат потребни квалификации, и искуство во нивниот професионален и политички живот. Целта е да имаме договор за цела екипа, на Доналд Туск е да предложи имиња, оваа екипа треба и да биде олицетворение на новата ера на Европа, додаде на прес конференција францускиот претседател.

Ниту едно име вчеравечер не беше споменато официјално, но повеќе кружат низ кулоарите на институциите.

Едно од нив е хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кој доаѓа од редовите на ЕПП, победникот на овие избори, а се споменува и белгискиот премиер, Шарл Мишел, од редовите на Либералите, како и Макрон, и негов близок пријател. Друго често споменувано име е Мишел Барние, главниот преговарач за Брегзит, и Французин од ЕПП кој ужива висок степен на доверба во ЕУ благодарение на начинот на кој ги водеше преговорите за Брегзит.

Освен за шеф на ЕК, лидерите на 30 јуни ќе треба да се договорат и за претседател на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент, на Европската Централна Банка и за шеф на дипломатијата на ЕУ. Имињата треба да бидат договорени до 2 јули кога ќе заседава новиот состав на Европскиот Парламент. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.