Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема договор за СЈО: ВМРО ДПМНЕ останува на барањето да запрат истрагите на СЈО

0
By Нова ТВ on May 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 10, 2019 15:15

Пропадна и денешниот обид за договор за новиот Закон за јавно обвинителство и за статутот на СЈО. Министерката за правда Рената Дескоска кажа дека опозицијата и денеска останала на ставот да запрат сите постапки на СЈО за кои е покрената истрага 18 месеци по формиарњето на Спеацијалното јавно обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане и евентуално, тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителството. Таквиот став е неприфатлив, бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела“, кажа Дескоска.

Антонио Милошоски кој беше присутен како преговарач од ВМРО ДПМНЕ во Министерството за правда кажа дека тие бараат да има и одговорност за Катица Јанева која покренала постапки по истекот на 18 месеци рок од формирањето на СЈО.

„Ние мислиме дека сите обвинители треба да сносат одговорност затоа што презеле постапки спротивно на законите“, кажа Милошоски против кој СЈО води истрага „Моќник“.

ВМРО ДПМНЕ исто така побарале предлог законот за јавно обвинителство да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се гласа во Собранието, а  Дескоска предложила Законот  да биде испратен до Венецијанската комисија откако ќе биде изгласан поради кратките рокови до затворање на  Извештајот на ЕК.

Законот за СЈО блокиран со барања за нови амнестии

Законот за јавно обвинителство треба да биде усвоен од Собранието кон крајот на месецов кога Европската Комисија го затвора Извештајот за напредокот на земјава. Поради инсистирањето на ВМРО ДПМНЕ за прекин на постапките, Дескоска кажа дека ќе се обидат да обезбедат двотретинско мнозинство со други партии.

„Видовте дека имавме средби и со другите пратеници. Првичната цел и укажувањето коешто го имаме е да се обидеме да направиме консензус заедно со опозицијата, така што ќе се обидуваме на тој пат, но доколку роковите станат критични, а немаме напредок во разговорите или останат на сопственото инсистирање, тогаш ќе размислуваме за алтернативни опции“ рече таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.