Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема казни од Антикорупциска за Жугиќ, Дурловски и Пројковски

0
By Нова ТВ on April 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 3, 2017 13:44

Откако НОВА ТВ обелодени дека неколкумина директори на театри низ Македонија немаат поднесено анкетни листови во Антикорупциската комисија, тројца од нив конечно ја ставија нивната имотна состојба на јавен увид . По неколку години директорување Дејан Пројковски, директор на „МНТ“, Игор Дурловски, директор на Македонска опера и балет и Јелена Жугиќ,  директор на „Театар комедија“ деновиве доставиле имотни листови.

Оваа законска обврска се уште не ја исполниле Роберт Велјановски, директор на „Драмски театар“ и Благој Мицевски, директор на „Народен театар – Битола“.

фото Фејсбук: Јелена Жугиќ

Според анкетните листови директорката Жугиќ пријавила дека поседува стан во Скопје од 56 м2 што го купила пред две години во вредност од 70.000 евра. Жугиќ лани заработила 22.500 евра по основ на авторски права.

фото Фејсбук: Дејан Пројковски

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски, пријавил стан на брачен другар во Скопје од 101 м2 и земјиште во Долно Соње од 1540 м2. Пројковски вози Тојота Корола и Киа Соренто, а во банка има околу 10.000 евра.

фото Фејсбук: Игор Дурловски

Игор Дурловски, првиот човек на Македонска опера и балет, има куќа од 200.000 евра во Скопје, земјиште вредно 47.000 евра, а во возниот парк има џип Крајслер гранд бојаџер и Киа Спортаж. Игор Дурловски е директор на „Македонската опера и балет“ од ноември 2015 година. Тој во моментов е во први редови на протестите на  „Иницијативата за заедничка Македонија“.

Како што објави НОВА ТВ, овие директори се на функција веќе неколку години, но Антикорупциската комисија за нив нема отворено постапка, ниту пак ги казнила за кршење на Законот за спречување на корупција. Според него, секој функционер, директор, член на Управен одбор во државна институција има законска обврска во рок од 30 дена од стапување на функцијата да поднесете анкетен лист во Антикорупциска. Доколку тоа не го стори, Антикорупциската комисија може да поведе постапка за испитување на нивната имотна состојба, а следува и казна од 500 до 1000 евра.

 

Антикорупицска комисија Дејан Пројковски Игор Дурловски Јелена Жугиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.