Нема консензус за петиот член на ад-хок телото на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување. Четворицата членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов избрани на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпевски и Љубомир Костовски, на предлог од СДСМ, не успеаја да се договорат и да го изберат петтиот член на ад-хок телото, соопшти Агенцијата за медиуми.
Ноќеска на полноќ истекува рокот за избор на петтиот член и не се знае кога ќе се екипира ад-хок телото за контрола на медиумите во предизборната кампања.