Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема олабавување на мерките, бројот на заболени ќе покаже кога ќе дојде до попуштање

0
By Менче Атанасова Точи on May 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фото: Независен Весник

Засега нема олабавување на мерките. На Комисијата за заразни болести денеска не разговарале за ова на редовниот состанок, но велат дека ја следат состојбата и бројките сами ќе го кажат моментот кога ќе дојде до попуштање на сегашните мерки. Новите податоци, пак покажуваат 22 новозаболени со КОВОД-19 на направени направени 145 тестирања.

Според ова и како и според бројот на нови дијагностицирани случаи во последните неколку денови, бројот на нови случаи со КОВИД-19 не се намалува, напротив се зголемува или останува приближно ист ако се анализира бројот на направени тестови. А бројот на направени тестови во последните 24 часа е преполовен, во однос на претходните денови. Во изминатите неколку денови бројот на заболени го држи тој тренд или се зголемува: Вчера 20 нови случаи, на 275 направени тестови, пред два дена 36 нови заболени на 411 тестирања, претходно 33 нови случаи на 332 тестирања. Но, во последните два дена нема смртни случаи.

Министерството за здравство пред три дена излезе со информација дека епидемиолошката крива бележи пад, според исходот на оздравени случаи. По ова, следуваше најава дека ќе има олеснување на мерките за заштита, за веднаш утредента да информираат дека врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата одлучила мерките да останат на сила.

Иако министерот за здравство Венко Филипче најави дека трендот на случаите од последните два дена ќе биде разгледуван денеска, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата во однос на понатамашно постапување со мерките, тоа не се случи. На Комисијата за заразни болести денеска не се разговарало за олеснување на мерките.

Зошто тогаш вакви најави, се брза ли со олеснување на мерките кога претходно и министерот Филипче најавуваше дека врвот на епидемијата ќе биде на крајот на април и почетокот на мај? Зошто ова што се сега случува не е во согласност со очекувањата и која е причината да се зголемува бројот на новозаболени со КОВИД-19?

Епидемиологот и професор, Драган Даниловски вели дека точно е дека бројот на излекувани пациенти се зголемува, но бројот на нови дијагностицирани зависи од бројот на земените тестови.

„Вкупниот број позитивни на вирусот зависи од бројот на земени тестови. Затоа не е најверодостоен показател на состојбата со епидемијата. Секогаш постои ризик болеста пак да избувне, ако мерките се релаксираат премногу и прерано“, вели за НОВА Даниловски.

Жарко Караџовски, епидемиологот и претседател на Комисијата за заразни болести викендов за Телма изјави дека новите болни се од Велигден и од Први мај.

„Будно ќе ја следиме состојбата во наредните неколку дена и никаква одлука за олабавување на мерките нема да биде донесена додека не се добие информација за трендот на движење на заразното заболување Ковид -19. Денеска констатиравме дека 20 лица од овие 36 биле во контакт со заразено лице. Тоа значи дека најверојатно се работи за непочитување на мерките кои се донесени во изминатиот период. Согласно инкубацијата на ова заболување од 10 до 14 дена, ние ги лоцираме проблемите дека се случиле некаде околу Велигден и 1-ви Мај“, изјави Караџовски, за Телма во саботата, на 9 мај, алудирајќи пред се на полошкиот регион од каде што беа 20, од вкупно 36 заболени од КОВИД-19, тој ден.

Дали може да се очекува зголемување на новите слуачи со КОВИД -19, особено што минатата недела се одржа Литија во Струга каде излегоа стотици луѓе без да држат растојание и без заштитни маски. За каков пад на епидемијата зборуваме ако граѓаните и особено верските заедници не ги почитуваат мерките.

Јавното обвинителството работи на случајот  по допорен глас, но велат дека  чекаат МВР да постапи по издадените наредби. За НОВА потврдија дека досега немаат добиено повратна информација од Секторот за внатрешни работи во Струга.

Дополнително ИВЗ одлучи од утре да ги отвори џамиите за Рамазанските пости, а верниците молитвите да ги прават внатре, како што рекоа за НОВА,  со дистанца и прекривки на лицето. За празникот Бајрам кој е на крајот на мај и кога празнувањето кулминира со посета на домовите на роднините и пријателите, во ИЗВ се уште не одлучиле.

„Рано е се уште за тоа, се зависи како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата“, вели за НОВА, Кенан Исмаили, скопски Муфтија.

Сепак, очигледно е одлуката за олабавување на мерките ќе биде политичка и таа најмногу ќе зависи од соседните земји и од регионот каде што веќе почнаа со намалување на мерките, но и од барањето на политичките партии во државата во средината на јуни да се одржи изборниот процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.