Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема велигденско примирје: Азовстал и денес под жесток оган на руските сили

0
By Соња Крамарска on April 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека руските сили и денес на Велигден „континуирано ја напаѓаат“ опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол.

„Православен Велигден 2022 година. Но, токму сега, Руската Федерација континуирано го напаѓа Мариупол и Азовстал“, рече тој на Твитер. „Местото каде што се наоѓаат нашите цивили и војска е гранатирано со тешки воздушни бомби и артилерија. Русија уште трупа сили и опрема за напад“, вели Подољак.

Рускиот претседател Владимир Путин изминатата седмица тврдеше дека руските сили го постигнале „ослободувањето“ на Мариупол, но им нареди да не ја преземат фабриката Азовстал, последниот голем бастион на украинската одбрана во градот.

„Руската Федерација треба да размислува за она што остана од нејзиниот углед“, рече Подољак, повикувајќи ја Русија да објави велигденско примирје во Мариупол, да отвори хуманитарен коридор за евакуација на цивили и да се договори за „специјална рунда преговори“ за размена на воени сили.

Металуршкиот комбинат Азовстал засолнува повеќе стотици војници и цивили а резервите од храна и лекови се при крај. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук пред неколку дена рече дека таму има „околу 1.000 цивили и 500 ранети војници“.

Јуриј Риженков, извршниот директор на компанијата што ја поседува фабриката, во четвртокот за Си-Ен-Ен изјави дека ситуацијата таму е „блиску до катастрофа“.

Азовстал Ансамблот „Танец“ вечерва ќе го одржи традиционалниот Велигденски концерт Мариупол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.