Едно лице е повредено при експлозија во предградието Аин Шамс во Каиро, пренесуваат светските агенции.
Една терористичка група во меѓувреме прифати одговорност за четири други експлозии во кои вчера загинаа најмалку шестмина.
Организацијата Ансар Бејт ал-Макдис, која од страна на САД беше опишана како терористичка, во своето соопштение објаснува дека нивната цел е седиштето на воените сили на Каиро.
Во петокот, голема експлозија одекна во седиштето на полицијата на главниот град на Египет, што воедно беше причина за смртта на четворица, а повеќе од 50 луѓе беа повредени.
Според наводите, експлозијата претставува симбол за авторитет, во земјата која веќе неколку години се соочува со политичка криза и насилство.
Воедно, денеск се одбележува три години од револуцијата во 2011 година, кога од власта беше симнат лидерот Хосни Мубарак.