Утрината на зградата на вуковарската полиција и даночната управа беа поставени двојазични плочи – на латиница и на кирилица (српски и хрватски јазик). Обидот за поставување на таква двојазична плоча на зградата на државната управа беше попречено од страна на демонстрантите.
Како што јавува RTL, демонстрантите ја отстраниле двојазичната плоча со викотници и турканици, а при тоа повредена е една полицајка.
Откако дошле до зградата на Даночната управа демонстрантите биле пречекани од 30-тина полицајци кои го чувале влезот на згрдата.
Демонстрантите со чекан ја искршиле и таблата поставена на зградата на Полициската управа, а судир со полицијата овој пат немало.
– Не е сега вистинското време за поставување двојазични табли, тие нека ги поставуваат плочите, ние преку ноќ ќе ги отстрануваме, како да ни се враќа 1991 година, велат демонстрантите.
Засилување стигнува од сите страни, доаѓаат од Жупанија, Винковац, Осиек, меѓутоа, како што неофицијално се дознава, полицијата не ги пушта да влезат во градот.
Уставниот закон за заштита на правата на националните заедници и малцинствата налага секое национално малцинство кое сочинува над една третина од населението на некоја локална самоуправа има право и на нејзиниот јазик да бидат поставени јавни натписи и ознаки.
Според последниот попис на населението, во Хрватска има околу 20 општини и градови во кои припадниците на српското малцинство го сочинуваат повеќе од една третина од населението.
Најголемиот отпор кон кирилицата е токму во Вуковар и потекнува главно од десните партии и здружениејата на ветераните од последната војна.