Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ненад не нè изненади

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2026 20:17

Одлуките на Савески можеби се правно издржани, но со нив никако не може ја убеди јавноста дека тие не се против обвинителите на поранешното СЈО, кошмарот на премиерот и на партијата на власт. Потези што не личат на системско средување, туку на селективно дисциплинирање.

Фросина Факова Серафиновиќ

Додека и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со поранешното СЈО, помина доволно време приоритет на Обвинителството да бидат сомнежите за криминал и корупција на актуелните функционери на власт. Само така новиот државен обвинител ќе докаже дека првиот впечаток на јавноста е погрешен.

Нема втора шанса за прв впечаток, би рекол премиерот Христијан Мицкоски, па новиот републички јавен обвинител можеби буквално ја сфатил оваа фраза на премиерот. Само што седна на фотелјата, Ненад Савески ѝ ги одзеде предметите „Талир“ на обвинителката Ленче Ристоска.

Токму тие што Ристоска со години ги водеше и беше решена да ги истурка докрај (пред да застарат), и покрај политичките притисоци, законските измени и очигледните опструкции од обвинетите со цел предметот временски да се растегне. Колку ѝ да сака Савески да ја прикаже оваа одлука како рутинска и техничка, тешко е да се игнорира фактот дека отстранета е обвинителката што најмногу му пречеше на Мицкоски.

Поради Ристоска пропадна првиот оглас за кандидат за судија во Стразбур само поради тоа што таа не ја „одмрзна“ Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и другиот партиски имот. Партијата преку односот кон Ристоска испраќа(ше) пораки дека никој не смее да ѝ се спротивстави и секој треба да носи одлуки по мера на власта.

Без никакво образложение и без јавно објавена одлука кои критериуми не ги исполнувале кандидатите, го поништија изборот на судија за Стразбур, со цел да се избере кандидат по мера на премиерот. Нападите не запреа тука: премиерот без докази зборуваше дека обвинителката земала огромна плата. Својот анимозитет кон Ристоска не можеше да го скрие, дури и јавно го истакнуваше, а неговата партија паралелно ја напаѓаше со канонада ниски навреди. Мицкоски индиректно ја нарече „медиокритет“ и дека е дел од „клиентелистичко-политичка елита“, а не ѝ се извини.

Советот на јавни обвинители, откако Савески дојде на функцијата, одговори на нејзината претставка дека „не е споменато нејзиното име“, и на обвинителите им порача сами да си го бранат интегритетот. Во нејзина одбрана не застанаа ниту Здружението на јавни обвинители ниту поранешниот обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски никогаш не го крена гласот ниту против премиерот кој зборуваше дека обвинителите се „ваделе“ со пролив, температури и добиено за да не решаваат битни случаи. Молкот беше правило и од институциите и од фелата.

Неговиот наследник во овој дел, продолжи исто.

Па исто не сакаше да коментира политички изјави иако премиерот од собраниска говорница му испорача листа со случаи која треба да му биде приоритет. Дури и нервозно реагираше на прашањето на новинарите како ја коментира премиерската листа, со одговор „Нема никогаш да коментирам политички изјави“.

Но, од прва им одржа лекција на новинарите дека ја дезинформирале јавноста, откако пренесоа дека обвинителката што го водеше предметот за полицајците обвинети за најголемата трагедија во Кочани, не доби нов мандат, па дури и се повика на етички стандарди.

Како ли само новинарите ја зголемија болката и страдањата на најблиските на жртвите од Кочани со тоа што констатираа дека предметите за полицајците останаа без обвинител, а две рочишта беа одложени по барање на обвинителството и за тоа соопштенија имаше од Кривичниот суд? Обвинителката Ивана Алексова-Трајчева подготви обвинение за началниците од МВР кои беа сликани во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и началник кој му бил советник на министерот Панче Тошковски, како и сите дежурни полицајци во кобната вечер во „Пулс“.

Савески се обиде да ја оправда оваа одлука со тоа што требало да се даде шанса на други јавни обвинители да напредуваат. Од друга страна, предложи човек по мера што ќе го води Вишото јавно обвинителство во Скопје, обвинителка чие име го слушавме во „бомбите“, а на првата седница на Советот на која присуствуваше Савески, беше вратен на работа суспендираниот Јове Цветановски, обвинителот што се обидуваше дека го воскресне предметот за бонусите на Специјалното јавно обвинителство.

Одлуките на Савески можеби се правно издржани, но со нив никако не може ја убеди јавноста дека тие не се против обвинителите на поранешното СЈО, кошмарот на премиерот и на партијата на власт. Потези што не личат на системско средување, туку на селективно дисциплинирање.

Суштинското прашање е дали Обвинителството ќе се реформира или ќе остане под влијание на центрите на моќ. Јавноста веќе не верува во „нови почетоци“ ако тие наликуваат на стари практики. Савески, всушност, беше избор на Владата во една неправедна трка за обвинител во која премиерот, кој „не сака ни да ѝ го спомене името“, од старт ја дисквалификува Ристоска како кандидатка. „Мојот став поврзан со тоа име е апсолутно дека не е во игра“, е неговиот јавно искажан став. Кој рече дека судската власт е независна од извршната!?

И додека и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со СЈО, помина доволно време приоритет на Обвинителството да бидат сомнежите за криминал и корупција на актуелните функционери на власт. Само така новиот државен обвинител ќе докаже дека првиот впечаток на јавноста е погрешен.

Текстот е сопственост на Слободен пачат.мк

колумна Фросина Факова Серафиновиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.