Кикс на Норвешка во претпоследното коло од Групата Г во квалификациите за СП 2022 кој отвора простор Турција сега да се избори за бараж за пласман на Мундијалот следната година, пренесе ekipa.mk.
Норвежаните ремизираа без голови на домашната пресметка со Летонија, што пак го искористија Турците кои со убедливи 6-0 славеа против Гибралтар.
Oваа убедлива победа ги носи Турците до второто место поради подобра разлика, сега пред Норвежаните.
Во последното коло, Турција гостува кај Црна Гора, а Норвешка кај Холандија.