Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неодговорените прашања за смртта на Никола Младенов

0
By Сашка Цветковска on March 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2013 18:43

Несреќата во која загина новинарот и сопственик на весниците “Фокус”, Никола Младенов, ја потресе јавноста. Насловните страници и вечерните дневници се преплавија со наслови за Младенов, за наследството кое тој го остави, за Млад борец, Фокус, за неговиот севкупен ангажман и придонес кон независното новинарство и демократизацијата на државата Македонија. Но, ако деталите за неговото минато се бројни, оние за истрагата на неговата смрт се оскудни.

Јавноста разбра за несреќата вчера напладне, најпрво преку кусата информација проследена со фотографија на интернет порталот “Република”. Местото на настанот кај клучката Хиподром во текот не целиот ден е под силно полициско обезбедување.

На новинарските екипи не им е дозволен пристап за да можат одблиску да направат снимки, а увидот траеше повеќе од шест часа. Дека жртвата за која станува збор навистина е Никола Младенов потврди неговото семејство, а МВР неколку часа не излегуваше со информации за идентитетот.

Денес МВР пушти кусо писмено соопштение од неколку редови за несреќата.

-На 27.03.2013 година, на автопатот Велес-Скопје, на клучката „Хиподром“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „мерцедес“, управувано од Никола М.(49) од Скопје, удрило во металната ограда, а потоа излетало од патот и се превртело. Во незгодата тешко телесно бил повреден Никола М. и истиот починал на самото место. Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Истражен судија телото на починатиот е дадено за обдукција, пишува на крајот од збирниот полициски билтен за сите инциденти од претходниот ден.

Од судска медицина нема детали ниту точно време кога настапила смртта, освен некои неофицијални разговори со новинари каде се вели дека смртта најверојатно настапила околу четири часот вчера утрото, а дека причина за тоа бил силниот удар со градите во воланот.

Полицијата и истражниот судија не откриваат детали додека не заврши дополнителното вештање на автомобилот на Младенов за да се утврдело што била причината за возилото да излета од патот кој претставува свртување и каде најчесто се вози со помала брзина.

Последен пат Никола Младенов зборувал телефонски со сопругата приквечерината во вторникот. Таа го пријавила Младенов за исчезнат во полицијата откако ноќта после полноќ се загрижила бидејќи тој не и кревал телефон, ниту пак и јавил каде оди, однесување кое воопшто не наликувало на Никола Младенов, и нешто што, според семејството не се случило никогаш во нивниот брак.

Од друга страна, поранешниот директор на Агенцијата за контраразузнавање, Кире Наумов во разговор за НОВА, вели дека тој и Младенов имале договорена средба во седум часот вечерта во Скопје. Наумов се обидел да го добие од седум до седум и триесет, но на едниот телефон линијата била постојано зафатена, а на другиот телефон (Младенов поседувал два телефона) бил недостапен. По некое време се откажал под претпоставка дека му излегла некоја важна непредвидена работа.

Засега не се знае каде бил Никола Младенов пред несреќата, од каде доаѓал и со кого се видел последен. Никој не ги споменува ниту камерите на наплатните рапми за патарина во непосредна близина на местото на несреќата каде Младенов би морал да помине доколку возел по тој пат.

Истражните органи информираат дека ќе ја вештачат колата, но не информираат дали се испитуваат камерите, телефонските листи на Младенов и дали се испрашувани луѓе и сведоци со кои можеби контактирал.

И додека јавноста чека повеќе и посуштински одговори од одговорните иниституции, министерот за одбрана Талат Џафери е единствениот кој во името на неговата институција упати сочувство до семејството на Младенов.

Соопштение со сочуство до семејството на Младенов испрати и амбасадата на САД во Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.