Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неодржливо е окупираниот од окупаторот да бара да не биде окупиран

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 27, 2025 15:52

Според меѓународното право Израел е окупатор на палестинските територии и доселениците крадат земја во Западниот Брег со помош на израелската држава.

Ердем Ахмет

Не ми е јасна приказната зошто Палестинците треба да разговараат со Израел за да имаат држава .

Разбирам дека треба да има разговори помеѓу две соседа но не смее да  се разговара за дозвола од Израел за формирање на државата Палестина.

Окупираниот да бара од окупаторот да не биде окупиран е целосно неодржлива теза. Разбирам дека Израел сака да се пазари за уште територија иако со меѓународно признатите граници тој  контролира 78 насто од територијата на Британскиот мандат во Палестина.

Тоа значи дека Палестина ќе се формира само на 22 насто од оваа територија . Израелската држава исто така сака да определи кој ќе управува во Палестина, бара да нема војска и слично. Изговорот му е безбедноста на неговите граѓани но ако се знае како се однесува во регионот тоа значи дека  Израел сака Палестинците да  бидат воено слаби за да може да ги  напаѓа кога сака. Окупираниот може да се ослободи од окупација со невооружен и вооружен отпор но и со помош на меѓународната заедница.

Впрочем, Меѓународниот суд на правдата даде необрзувачкото мислење дека окупацијата на палестинските територии е нелегална и побара да се повлече израелската војска и доселениците од овие територии. Значи има правна основа за формирање на  државата Палестина.

Палестинците не се сецесионисти кои бараат територијата од Израел туку ситуацијата е обратна. Израел е призната држава, со признати граници и е членка на Обединетите Нации.  Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа се надвор од меѓународно признатите граници на Израел. Според меѓународното право Израел е окупатор на палестинските територии и доселениците крадат земја во Западниот Брег со помош на израелската држава.  Според најголемиот број на експерти во светот знаеме дека Израел  води политика на апартхејд и дека врши геноцид во Газа.  Палестинците дури и да беа сепаратисти кои бараат земја од Израел, меѓународната заедница поради геноцидот требаше да реагира досега. Во Судан меѓународната заедница пред се САД интервенираше со санкции против Судан за да спречи геноцид и како резултат на тоа се формираше Јужен Судан во 2011 година.

Во Газа веќе имаме геноцид  но меѓународната заедница не сака да воведе санкции против Израел. Тоа значи дека во случајот со Палестина САД не сака да подржи легитимно право на окупираниот да се ослободи од окупаторот но во случајот со Судан САД подржа сепаратизам. Доколку еден ден меѓународната заедница  одлучи да интервенира и да го прекине геноцидот Израел и Палестина би требало да се договорат за меѓусебно признавање и за репарации што израелската држава треба да ги плати на палестинската држава. Ако Германија можеше да плаќа репарации на израелската држава и  на преживеаните од Холокаустот тогаш и Израел треба да го направи истото поради геноцидот во Газа но и поради претходните неправди.

Меѓународната заедница треба да ја заштити Палестина од можните идни напади од страна на Израел . Израел ако сака да има мир ќе треба да престане да биде окупатор.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

ерменд ахмет колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.