Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неофицијално: Филипче ја преземал идејата за тендерот од Тодоров

1
By Менче Атанасова Точи on August 6, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 6, 2018 20:42

 Државна комисија за жалби по јавни набавки, пак  ги прифатила жалбите на трите фирми од тенедерот и утврдила дека Министерството за здравство прекршило најмалку 7 членови од законот јавни набавки. Поради ова Министертвото за здравство треба да плати 78 000 денари на овие фирми

Тендерот за реагенси тежок 35 милони евра бил осмислен од поранешниот министерот за здравство Никола Тодоров, а Филипче само ја прифатил идејата, неофицијално дознава НОВА од добро упатени извори во оваа проблематика. Нашите извори велат дека во сценариото било планирано да се вклучат бизнисмени кои добро профитираа од преходната власт и добиваа тендери.

Дознаваме дека  фирмата подизведувач АХР ЛАБ која во Централен регистар е со основачки влог од само 5000 евра, е само покритие зад кое стоела фирма на кумот на Мартин Протуѓер, човекот кој го доби скандалозниот тендер за дефибрилатори, како и многу други тендери во здравството.

Според планот, наводно оваа фирма требало да го организира транспортот на крв низ државата, да обезбеди соодветни возила, возачи, фрижидери, така како што беше предвидено во тендерот-  централизацијата на биохемиските лаборатории, кои според Филипче првично требаше да бидат сведени на 12, а потоа на само осум во државата.

„ И не само тоа, апаратите кои требаше да бидат донесени се стари 14 години и се репарирани. Со нив требало да бидат заменети постоечките апарати од последниот тендер за реагенси од пред три години“, тврдат извори за НОВА.

Државна комисија за жалби по јавни набавки пак, ги прифатила жалбите на трите фирми од тендерот и утврдила дека Министерството за здравство прекршило најмалку 7 членови од законот јавни набавки. Поради ова Министертвото за здравство треба да плати 78 000 денари на овие фирми заради сторена грешка и официјално да го поништи тендерот на кој имаше само една понуда.

Тоа што веќе го објави НОВА, го потврди и Комисијата за жалби, дека со ваквите спецификации Министертвото навело  услови со кои се фаврозира германското претставништво на американската фармацевска компанија АБОТ.

„Поради сторена битна повреда на законот во постапката на доделување на договорот за јавни набавки предвидено со член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавни набавки кое со никакво дополнително постапување договорниот орган не може да ја исправи Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучија да ја поништат тендерската документаци по оваа јавна набавка“, се вели во образложението на Државната комисија за јавни набавки, објави Слободен печат.

За Комисијата е особено проблематичен делот од договорот каде е предвидено дека Министерството за здравство треба да исплати на носителот на набавката штета од 5 милиони евра во случај некоја од здравствените установи да не порачуваат реагенси од оваа фирма.

Решението на Комисијата е конечно и Министерството за здравство мора да постапи по него.

Оваа одлука  на Комисијата во Министерството за здравство била испратена уште во петокот, но министерот Филипче не се изјасни,  ниту и соопшти на јавноста за оваа одлука. Наместо тоа, министерот Филипче среде аферата со тедерот за реагенси за кој должи многу одговори, заминал на годишен одмор. На годишен одмор е и шефицата на неговиот кабинет,  Бојана Атанасова, како и државниот секретар Владимир Милошев.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.