Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неподнослива леснотија на омразата: Кој ви забранува да бидете луѓе, Бугарите, Србите, ЕУ, кој?

0
By Ана Василевска on March 27, 2024 ИЗБОР, КОЛУМНА, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Ете Мирко го нема, ќе остане сета историја што ја остави за нас,  а вас кој следен ќе ве спречува да бидете цивилизирани луѓе, што вие ќе оставите зад себе освен гнасните плуканци?

Одамна, некаде во годините по осамостојувањето на Македонија, во тој еуфоричен налет предизвикан од независност на државата, во еден скопски локал падна муабет за сега веќе, неограничените можности за творење на наши, автентични уметнички креации – од музика, до филм.  Новинарството исто така, доживеа своја пролет, која нели сега веќе не беше во прегратките на Централниот комитет.

Некако, дотогаш провејуваше некој став дека нашата културна сцена е инфериорна пред онаа од останатите југословенски републики, дека е ограничена, потисната, диктирана од Белград, итн.

Дали ова беше навистина така, не можам со сигурност да тврдам со оглед на тоа што бев премногу млада за да сведочам, иако не гледав навистина некоја пречка за нашите кои сака да создаваат. Бендовите кои имаа потенција да креираат и претходно, го продолжија континуитетот. Не се забележа некоја фрапантна разлика во квалитетот на тоа што се произведуваше претходно, и сега во слободната земја.

Секако, мораше да се изживее и оној нагласен патриотизам во се и сешто, да покажеме дека сме Македонци по секоја цена. Поминаа и овие сипаници, но секогаш кога нешто ќе запнеше, и на културната и на политичката сцена, имавме дежурни виновници. Србите, Бугарите, Албанците, Грците, сите наши соседи можеа да се посочат при секој и банален неуспех, како во оној во спортските резулати на пример.

Кога се освестивме од овој хипнотички наратив, и ни стана јасно дека самите си ја кроиме судбината за секој неуспех или успех, прстот почна да се вперува кон внатрешни виновници и меѓусебни обвинувања. Ова толку добро ни легна, што сега поделбите, најпрво етнички, па партиски, па социјални, па културолошки, родови, ни станаа мејнстрим национален симбол. Исклучивост, а не заедништво. Тука заглавивме, и ескалиравме дотаму што демократските алатки за слобода на говор ги разбравме како  одлична можност за омраза и лечење на сите фрустрации и инхибиции кон се што е вредно и подобро од нас самите.

Оваа супериорна деструкција веќе одамна се граничи и со здравиот разум.

Ми се згадило многу пати, но последново ситење со смртта на Мирко Попов ја прели чашата. Нема да ги коментирам оние самопрогласени медиуми, што се истрчаа за мизерни кликови да обелоденуваат наслови за негова хоспитализација, и наводни причини за истата. Овој канцер на општеството, е предмет на платени регулаторни медумски тела кои изгледа дишат на апарати.

Но, објавите на Цветин Чилиманов, Миленко Неделковски и ним сличните ќе ми одзвонуваат долго во глава.

Добро се познаваме нели?

Станува збор токму за оние профили опишани погоре. Овие испрдоци на општеството се резулатат на таа погрешно разбрана демократија и самостојна држава. Ова се тие неуспешни, креативно кастрирани поединци кои се дежурни кучиња кога треба да се плука по се што е прогресивно, бидејќи дпмновската дијагноза е памфлет што така природно по пат на гравитација го собира овој отпад околу себе, за да го рециклира како патриоти во кои ќе се препознае Македонецот без личен идентитет. Пардон мај френч, Македонецот на кого сите му се виновни за личниот неуспех, па удирањето во градите од Вергина се достојна замена за сопствен идентитет. Некако по автоматизам се чувствува важен, иако во животот не напишал берем еден стих.

Ете Мирко го нема, ќе остане сета историја што ја остави за нас,  а вас кој следен ќе ве спречува да бидете цивилизирани луѓе, што вие ќе оставите зад себе освен гнасните плуканци?

Текстот е личен став на Авторот.

 

 

 

говор на омраза Мирко Попов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.