Секој десетти гол и пласман на Интер во ЛШ ќе значат по 200.000 евра, за титула во Серија А ќе добие 150.000 евра, за трофеј во Купот на Италија 50.000. Сумата во откупната клаузула е 110 милиони евра
Мауро Икарди останува во Интер до 2021 година. „Нероазурите“ успеаја да го задржат капитенот со вносен договор, одлични бонуси и зголемување на годишната плата за 5,5 милиони евра и покрај бројните понуди за неговите услуги што ги имаше клубот ова лето.
Во новиот договор на Икарди има член кој вели „200.000 евра за секој десетти постигнат гол“. Самиот пласман во Лигата на шампиони за него лично ќе значат уште 200.000 евра, за Скудето во Серија А ќе добие 150.000 евра, за трофејот во Купот на Италија се предвидени 50.000 евра.
Откупната клаузула со која за заштити Интер за иднина е 110 милиони евра. Аргентинецот е во Интер од 2013 година. На „Џузепе Меаца“ пристигна од Сампдорија и од тогаш даде 58 погодоци.