Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нешкоски поднесоа кривични пријави против Урко, Јанкулоска, Груевски и Мијалков

0
By Влатко Чаловски on June 5, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2015 14:11


Семејството на Мартин Нешкоски, односно неговата мајка и неговиот чичко денеска во Јавното обвинителство поднесоа кривична пријава против екс-министерката Гордана Јанкулоска, против Дејан Митревски – Урко, против премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Како што се вели во пријавата која ја поднесе семејството, против Урко пријавата е за давање на усна наредба спротивно на членот 154 од Законот за внатрешни наредби, кога го распоредил полицаецот Игор Спасов за обезбедување на простор за прослава на ВМРО ДПМНЕ зa победата на парламентарните избори, кој го уби Мартин Нешкоски на 06.06.2011 година.

Против Јанкулоска, во пријавата е наведено дека таа не изготвила писмена наредба согласно членот 154, а заедно со Груевски и Мијалков свесно и намерно ја прикривале истрагата со цел да спречат штета во МВР и врз себе.

Чичкото на Нешкоски го најави утрешниот протест под паролата „Убиство кое не смее да остане во тајност“, на кој ќе се одблежат четири години по смртта на младиот Мартин. Протестот ќе биде во 18 часот пред влада од страната на улицата „Климент Охридски“.

При одговорање на новинарско прашање дали веруваат дека Обвинителството на чело со Марко Зврлевски ќе постапи по пријавата, чичкото Сашо Петрески рече дека како граѓани тие должни да ја поднесат, но дека не веруваат во оваа институција со ваков состав.

Воедно, кога семејството Нешкоски влезе во објектот на ОЈО за да ја поднесе пријавата, поради дождот новинарите застанаа пред влезот на зградата, пред се да ги заштитат камерите, но во тој момент излезе претставничка на обезбедувањето која бараше од новинарите да се симнат од скалите, и да се вратат на местото.

И покрај барањата на активистите и новинарите, обезбедувањето да одговори зошто би требало да се тргнат кога немаат никаков мотив, претставничката рече дека се прави непотребна тензија по што неколку пати бараше новинарите да се тргнат неколку метри понастрана од влезот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.