Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нешто пред Преспа Форум-от!

0
By Biljana on June 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 20, 2021 10:23

Автор: Аделина Марку

Велат, недоразбирањата и караниците не би траеле долго ако вината е само на едната страна. Наративот на нашето поднебје честопати е по потрага на виновникот, притоа губејќи ја таа линија на авангардизам која умее да структурира синергија и потенцијал за соработка! Надминувањето, скокот или „надсебепоставеноста“, зависи од културата! Општа теза, нели! Но, дозволете ми да споделам неколку точки, за да потврдам дека просторот за културната дипломатија и регионалната соработка е големиот предизвик на земјите од Западниот Балкан. И оваа не е само клише или политичка констатација, туку е нешто сосема поголемо! Дотолку повеќе заради фактот што досега како инструмент и алатка многу малку сме го користеле да не велам , воопшто. Или сме го користеле како утилитарна политичка алатка не умеејќи да препознаваме голема екзистенцијалистичка моќ за регионален развој. Просторот за креирање е се уште неосвоен, затоа и надежда е голема! Неколку работи би ги спомнала за да се враќам повторно во ЗОШТО НУЖНОСТА ЗА КУЛТУРНА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА?

Ако се потрудам да направам кроника на свесните грешки на поднебјето:

Прво, Пукнатините во културата секако дека наметнуваат кон создавање на најтврдоглави и свoевдини стереотипи. Противречностите отсекогаш имале и имаат политички извор/природа. На пример во поднебјето на ЗБ (Западен Балкан) не се соочуваат културите како органика на нашето постоење туку само кога тие се вградат во политички „рими“: просветителските со деспотските, тоталитарните со патриаркалните концепти итн. Дури има и такви социотеории, социо-практики ако сакате , што тврдат дека проблемот на сите војни во Балканот лежеше токму во непознавањето, затоа и неприфаќањето/ отфрлањето на културата на Еден vs Друг. Фаталната грешка сме го правеле што Другиот, со големо Д, сме го пројектирале постојано и свесно преку длабински негативен стереотипизам. Дури до ниво на институционализирана стереотипизација! Како што би рекол Ален Гинсберг поетот, постојано ја рециклираме семантичката грешка при што правиме напор да Зборот (во превод законите, уставите) го користиме како замена за Битието. Нашето битие е нашата култура!

Второ, предолго време нашите општетства летаргирале преку димензијата на револуционерната транзиција, која дозволува враќање на рецидивите од минатото, етнонационализмoт (лошиот национализам), поделбата, повнатрешнување и инхибиција и затоа и лажна културна свест за Себеси и Другиот! Значи Да, битно е производтсвото на КУЛТУРАТА, но не таква која врши култороцид. Овој, култороцидот, се случува и кога културата се мери количински а не виртуознoста нејзина, квалитетот нејзин. Значи не колку култура, туку каква култура му даваме на европската цивилизација.

И трето, Да, општествата стануваат уште позрели кога економијата прогресира. Во спротивно, свесно му помагаме на антикултурата, корупцијата и самограбежот! Културата на радикализмот, нарцизизмот, враќањето на тоталитаризмот изгледа докажува дека постоењето на гапот помеѓу сиромашните и богатите е се поголем, и дека за жал броиме се’ повеќе сиромашни!

Таа, Културата содржи лесна боја, лесно се движи и разбирлива е нејзината цел! Пред неколку години на пример не ми беше тешко да го убедам многу познатиот композитор и музички аранжер од РМ Златко Ориѓански да направи музички аранжман на песните од најпознатата рок група од Косово, „Gjurmët“. На Златко, иако во неговата петта деценија, му беше прв пат во Тирана, концертот се случи таму! „Огромен успех!“ – ќе каже Златко кога се врати во Скопје! Мојата друга приказна тврди дека Македонија е позната по постмодернизмот. Последниот Пикасо, Омер Калеши е од Кичево а фамата ја стекна во Париз. Која слава внесува уметноста негова! Предпандемично се сеќавам на веста за изложбата на постмодернистот Мазнев во Скопје, посетеноста од скоро 4000 луѓе зборува за културната жед. Живееме во време кога добрата, а и лошата вест многу брзо се шири, така што приказната за изложбата на Мазнев била пренесна на социјалните мрежи со денови на сосоема неконвенционален начин! Неконвенционалноста ги зближува луѓето! Затоа и успехот од посетеноста! Изложбата ценам, бара да ги освои и регионалните простори.

Досега, малку сме вложиле, ригидни биле нашите напори и преспективи за културата, повеќето доста скематско иснспирирани, дури лоши бидејќи негирале друга култура! Изгледа повеќето имале идеолошка позадина (титуларна култура!), и затоа бавноста го окупирала просторот на движечката сила која впрочем генерира соработка, отвореност, почит и лубов! Мојот аргумент гласи дека досега не сме умееле да ги либерализираме нашите сфаќања за органски културен натпревар! Додека ние како државни институции сме биле бавни, нашите културни амбасадори одамна не’надминале: глумците, филмот, теaтарот, балетот, храната , градот, уметникот, писателот, така што нужноста за да се здобијат со институционална потпора и повеќе глас е повеќе од основана . Успесите на единствениот Џез Фестивал, Оф Фест, Охрдиското Лето, Струшките поетски денови, Меѓународниот Театар на Албанскиот театар, Турската Драма, Големата Есма Реџепова и многу други настани мора да ги афирмираме не само за сопствен бенефит, туку и за добриот глас кој осваја и создава нови димензии за соработка и културна размена.

Токму потребата за потикнување на културниот како замена за политичко идеолошкиот натпревар помеѓу земјите од Западниот Балкан (и не само) впрочем бил основниот мисловен код на многу споменатиот Гоце Делчев „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“!

Очигледно, најинтимните потреби за културна слобода му станале јасни на господинот по долгата османлиска културна окупација, па леснотијата за културен натпревар тој ја пројектирал како осмоза или вид на дифузија на онаа што зближува и омекнува.
Битно е интимата да се негува, нели!

аделина марку колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.