Минималната плата мора да се зголеми и Македонија мора да воспостави праведен даночен систем, ова се дел од реформите кои што ќе се спроведуваат под водство на Министерството за финансии кое што денекса за таа цел ќе ги промовира податците за распределбата на доходот помеѓу граѓаните во Македонија.
Според Министерството за финансии , оваа анализа се прави за прв пат во регионот и истата ќе илустрира зголемената нееднаквост помеѓу граѓаните.
Дел од податоците кои што НОВА ги доби покажуваат дека 1 процент од најбогатите имаат просечен доход од 4,180 евра месечно по лице, додека останатите 99 проценти од населението имаат 262 евра месечно по лице.


