Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

0
By Blerina Tahiri on December 1, 2023 ВЕСТИ, СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2023 15:02

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ме изеде невиден срам од „медиумските ловорики“ што ги читам и гледам по пресот на Лавров. После гротескната тепачката за место повеќе на пресот на Самитот на ОБСЕ во Скопје, на претставникот на земјата агресор – министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, вчерашната моја сатира со наслов „Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров“, може да се рече дека е млакичка за описот на македонскиот медиумски отровен амбиент.

И тука не станува збор само за платените со руски пари медиуми, туку повеќе за оние кои нели важат за „етаблирани и независни“  телевизиски куќи, медиумски агенции и интернет портали.

Наместо да покажат јасна порака: да го бојкотираат, да ги симнат камерите, да ги тргнат микрофоните, да го остават сам со отровната кокона што го придржува и да му покажат каде му е местото на еден таков висок претставник на држава бескрупулозен агресор, тие, со самото бројно присуство, а потоа и со извесувањата го дигнаа „коњот на Путин“ на пиедестал.

Колкумина, еве не мораа да застанат со поддршка, туку барем да го пренесеа соопштението на невладината ЦИВИЛ, во кое јасно се истакнува „ЦИВИЛ нема да присуствува на настаните на самитот на ОБСЕ во знак на протест против руската геноцидна агресија и учеството на високиот претставник на државата-терорист. Шефот на дипломатијата на државата терорист не е добредојден!“?

Само неколку слободарски медиумски енклави се издигнаа над ситуацијата и одлучија да го маргинализираат напасникот од Русија.

Другите, ете ви ги на агрегаторите за вести, слика и прилика на медиумската беда. Се испотепаа за клик повеќе а можеби и за да му се додворат на првиот вазал на деспотот од Москва. Кој ќе ти ги знае, си оставаат луфта за секој случај. Инаку, си имаат тие јадни оправдувања, нели, дека „тоа им е работа“, „објективност“, „покривање на двете страни“…

Да им се плукнам во таквата објективност и интегрите им медиумски!

Со здравје да си ги читате.

Преземено: Фронтлајн.мк


Текстот е личен став на Авторот
Лавров македонски медиуми срам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.