Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невидливото насилство во новинарските редакции

0
By Нова ТВ on July 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 13, 2018 20:42

Нема синдикати, платата е од 100 до 300 евра, без никаков договор и работен стаж, со тоа и без никакви работнички права – речиси идентична е ситуацијата во новинарството во Србија, Босна, Црна Гора, Македонија и Косово. Истовремено, често за својата положба не сакаат да зборуваат јавно, неретко нагласувајќи дека се срамат – покажа регионалното истражување.

Резултатите од регионалното истражување кое неодамна беше претставено во Сараево, малку се контрадикторни. Додека од една страна укажуваат на многу лоши услови за работа, новинарите инсистираат на анонимност и се срамат од својата положба, од друга страна самите често не сметаат дека постои проблем.

Сепак, вкупниот заклучок на регионалното истражување е дека новинарите во набљудуваните балкански земји својата работа ја работат во услови на несигурност, дискриминација, цензура и отворени притисоци кои резултираат со самоцензура.

За да избегнат пристрасност, авторите на истражувањето разговараа со 50 новинари, од јануари до мај 2018 година, оставајќи можност одговорите да бидат анонимни, што многумина го искористија, а меѓу нив беа и оние од јавните сервиси, државните и приватни медиуми, па и медиумите од цивилното општество.

Како најголем проблем новинарите во главно ја издвојуваат својата загриженост за лошата финансиска положба.

– Платите се од 100 евра, пазете, од 100 евра до 300 евра, без никакви права. Тоа се хонорари, не се пријавени. Новинарите се свесни за тоа, но се плашат дека ќе ја изгубат својата работа и затоа се принудени да молчат. Но, младите новинари инсистираа да зборуваат со име и презиме. Јас мислам дека прогресивната сила во Македонија е во младоста – вели македонската новинарка Билјана Секуловска.

Токму тоа што мнозинството побараа да бидат анонимни, зборува за стравот во кој работат – вели Милица Богдановиќ, новинарка од Црна Гора.

– Во главно ни зборуваа дека ситуацијата е иста во сите земји – платите, со кои не се задоволни, или немаат постојан договор, или се хонорарци. Со самото тоа не се почитуваат до крај сите оние нивни права кои со закон им се пропишани. Така, мене интересно ми беше тоа што во Црна Гора, на прашањето како би ја оцениле слободата во процесот на известување, од 1 до 5, мнозинството новинари рекоа 3 или 4. Имаше доста примери кога луѓе зборуваа дека имаат многу добар однос со уредниците и дека тој интерен притисок и притисокот на разни интересни групи на огласувачи, не е директен врз нив, туку тоа оди индиректно преку менаџментот или уредникот – вели Богдановиќ.

Проблемите не се многу различни ширум Балканот. Незабележителни разлики се забележани единствено во перцепцијата на слободата на известување, а косовската новинарка Уна Хајдари вели дека во Косово ситуацијата е нешто подобра од порано.

– Што се однесува до слободата на изразување, мислам дека е донекаде ОК во Косово, посебно поради тоа што во последните години е создадена атмосфера дека е дозволено да се критикуваат и највисоките политичари, политичари од највисоките позиции во земјата, секако не на јавниот сервис, но во сите други медиуми, а да не дојде до некои последици за новинарите – вели Хајдари.

Резултатите од истражувањето кое е претставено во Сараево, новинарката и една од координаторките на истражувањето Ниџара Ахметовиќ ги гледа како аларм. Наместо укажување на проблемот, таа смета дека е многу поважно да се размислува за решенија, а дека тука работите не се светли.

– Мислам дека е време сериозно да се загрижиме и сериозно да почнеме да работиме на нешто што ќе го промени новинарството. Таа промена сигурно нема да дојде однадвор, таа промена нема да дојде со странски донации – како што е пробано пред дваесет и нешто години, таа промена едноставно мора да дојде од некој друг правец. И тоа не е промена која ќе ја донесат парите, тоа е промена која ќе ја донесе друг начин на размислување и храбри новинари, подобро образувани и подобра школа за новинарство, која ние за жал ја немаме – смета Ахметовиќ.

Обидувајќи се да ја илустрира моменталната ситуација, новинарката Жарка Радоја го искористи примерот кој во својот воведен текст во рамки на истражувањето го напиша поранешниот основач и уредник на хрватското списание Ферал Трибуне, Виктор Иванчиќ.

– Како и да завртиш, едвај е возможно да се замисли потажна судбина од онаа, како новинар да останеш непознаница во вестите за сопствената несреќа – напиша Иванчиќ.

Новинарите во БиХ, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово се плашат, а општеството во кое новинарите не се слободни да ја работат работата во интерес на јавноста, не е слободно општество, заклучува Радоја.

Инаку, истражувањето заедно го спроведоа новинари од неколку балкански редакции, координатор беа Јужне вести, а активноста ја поддржа Европската Унија.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.