Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладини: Свиркачите Лазаревски и Костовски да бидат вратени во МВР

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку невладини организации, Транспаренси интернешенал Македонија, Европска коалиција за заштита на укажувачите од ЈИЕ, Европски центар за заштита на укажувачите бараат Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, чие откривање на тајните прислушкувања доведе до оставка на премиерот Никола Груевски во 2016 година, веднаш да бидат вратени на работните позиции во државниот сектор, што ги изгубија како како одмаздување за нивното дело.

-Македонија треба да остане силна во борбата против заробувањето на државата која ефикасно започна со откривање на тајните прислушувања и големите коруптивни шеми предводени од поранешниот премиер Груевски”, изјави Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

-Не е праведно да се зборува за тоа колку е важна борбата против корупцијата за правда во Македонија без да се донесе правда за Лазаревски и Костовски. Враќањето на нивните работни позиции за овие укажувачи е најмалку што може да биде очекувано по усвојувањето на Законот за заштита на укажувачите којшто беше усвоен како резултат на нивното откривање и во последователните политички одлуки, вклучувајќи го и формирањето на Специјалното обвинителство кое ги води истрагите, вели Тасева.

Во соопштението се истакнува дека, како колеги во Управата за безбедност и контраразузнавање, Лазаревски и Костовски работеа три години за да документираат несоодветно прислушување на околу 20.000 државни службеници, судии, луѓе од бизнис – секторот, активисти, новинари и други лица под сомнение од страна на владата на Груевски.

Шокантното откривање во 2015 година доведе до оставка на Груевски, на нови избори во 2016 година, формирање нова влада во 2017 година и обвиненија на 94 луѓе и седум компании. Претходно овој месец Лазаревски сведочеше во судењето на повеќе од 10 лица обвинети во врска со скандалот.

-Значењето на она што Лазаревски и Костовски го направија за да ја “прочистат” нивната држава не може да биде повеќе нагласено, изјави Кристина Стеванчевиќ, координатор на Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа, со седиште во Подгорица. “Нивниот хероизам се протега надвор од Македонија. Тие се примери за сите Европејци кои треба да се слават “. 

Како одмазда за нивното откривање на прислушувањето, Лазаревски и Костовски беа кривично обвинети и поминаа речиси една година затвор – од коja поголем дел во самица. Конечно сомнителните обвиненија против двајцата се повлечени.

-Овие двајца луѓе претрпеа доволно, вели Марк Ворт, извршен директор на Европскиот центар за правата на укажувачите, со седиште во Берлин. “Тие не можат да го вратат времето кое неправедно го поминаа во затвор. Нашите основни поими за правда и достоинство бараат да бидат вратени на нивните работни места и целосно да бидат компензирани за сите нивни загуби”.

Трите невладини организации активно водеа кампања за Лазаревски и Костовски за нивните финансиски загуби. Транспаренси Интернешнл Македонија ги номинираше двајцата за наградата “Дафне Каруана Галиција” која се доделува за новинари и укажувачи. Коалицијата за заштита на укажувачите од Југоисточна Европа им ја додели на Лазаревски и Костовски Наградата за Слободен Говор на јавна церемонија во Приштина во месец март од оваа година. Европскиот центар ги повика активистите и граѓаните ширум светот да пишуваат писма до претставниците на македонските власти за поддршка на укажувачите.

Костовски Лазаревски свиркачи Транспаренси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.