Легализација на конабисот за мединцински цели – бараат од невладината „Зелена Алтернатива“ и „Канабис клуб“.Тие велат дека речиси секаде во светот употребата на канабисот за производство на медицински производи е легализирано поради широкиот спектар на лековити својства.
На денешниот „Коноп фест“ невладините најавија дека ќе собираат потписи за поддршка на иницијативата која планираат да ја поднесат до надлежните институции, а поддршка добија и од раководството на Либерално-демократската младина.
„Се поголемиот тренд, на регионално, европско и светско ниво за легализација на канабисот, како алтернатива на хемиските супстанци, како и медицинскиот бенефит од истото растение е евидентно и ЛиДеМ апелира до властите сериозно да пристапат кон проучување и реализација на горенаведеното. Економските, медицинските и социјалните импликации на употребата на канабисот во медицински цели е лесно воочливо од досегашните примери, како во Европа, така и во светот“, се посочува во соопштението
Употребата на канабисот за медицински цели е дозволена во Чешка, Словенија, Словачка, Холандија, и во 21 држава во САД.




