Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладините ќе следат како се спроведува Планот 3-6-9

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер денеска го објавија почетокот на 11 месечниот проект „ Набљудување на напредокот во пристапните реформи на Македонија кон Европската Унија“ (Perform on Reform – Monitoring Macedonia’s EU accession package of reforms).

Aктивностите од проектот ќе вклучуваат набљудување на тоа како се спроведува реформскиот процес во земјата. Од истражувањето ќе произлезат извештаи кои ќе бидат презентирани на јавноста откако Владата ќе ги објави своите извештаи за спроведените реформи.

Координаторот на проектот Зоран Нечев рече дека покрај анализата,  ќе има и сегменти каде ќе се даваат и препораки како може да се подобри спроведувањето на одредени мерки, дури и да се предложат алтернативни мерки за постигнување на зацртаните цели во Планот 3-6-9 и извештајот на Прибе.

Целта на проектот, според директорот на Конрад Аденауер за Македонија е да помогне во исполнувањето на критериумите за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија.

План 3-6-9

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека кризата остави тешки последици во општеството и по угледот на Македонија во меѓународните односи,  Планот 3-6-9 треба да ја врати државата нa европскиот колосек и дека интеграцијата во ЕУ не и припаѓа ексклузивно на владата туку треба да ги обедини сите чинители за да биде остварена.

-Целта е да направиме европско општество, рече Османи.

Според Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, проектот треба и да ги информира граѓаните со тоа што содржат реформските приоритети, бидејќи некои анкети покажале дека голем дел од нив не се запознаени со тоа.

– Тоа е план за ослободување на заробената држава, како што беше забележано од Европската унија. Затоа треба сите да го следиме, а не да и се остави само на Владата, рече Трошановски.

Што е досега остварено

Вицепремиерот Османи рече дека сега фокусот е на делот 3 од Планот 3-6-9 за првите три месеци. Досега се реализирани повеќе од 60 проценти од 73 мерки коишто се предвидени, а веќе се работи и на некои мерки од Планот 6 и од Планот 9.

На 30 август, Османи објави дека од вкупно предвидени 73 мерки, во делот три од Планот 3-6-9, се реализирани 34 мерки, што претставува реализација од близу половина од мерките. Преку 30 мерки се во тек, а за неколку веќе констатирале дека доцнат, во како што рече институции кои не се под ингеренции на Владата, како Собранието на пример, каде нема „инклузивна дискусија за избор на модел за реформа на системот за следење на комуникациите, како и во изборот на член на Уставниот суд на кого му престанува мандатот“.

-Тоа и не е така лошо, ако се има предвид дека се наоѓаме на половина од предвиденото време, но исто така, ова треба да претставува и предупредување за поголем фокус како на Владата, така и на администрацијата кон имплементација на мерките од Планот 3-6-9“, рече тогаш Османи.

Во однос на Владата, тој како реализирани (преку 10 мерки) мерки ги наведе одлуката за стопирање со владините реклами во медиумите и одлуката за формирање на Совет за спроведување на реформите во правосудството, но доцнење има кај мерките за спречување на користењето на државните ресурси за време на изборниот период, нешто што според Планот досега требало да биде реализирано, бидејќи се ближат избори.

Одредени доцнења и во другите ресори, како што е Министерството за внатрешни работи, каде не е започната подготовката на новиот предлог закон за Заштита на сведоци, и каде сѐ уште немаат точно поделена ингеренција и одговорност со Министерството за правда.

Владата, информира Османи, донесе и одлука за трајно решение за сместување на Државната изборна комисија, со што и таа мерка е решена, но ДИК се уште нема донесена одлука или правилник со кој нивните седници би биле отворени за јавноста.

Вицепремиерот Османи тогаш ја ја потенцираше одговорноста на улогата на членовите на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) за фокусот на предложените реформи, за кои Владата веќе покажа политичка волја за нивно спроведување. Османи најави и реактивирањето на Поткомитетот на РКЕИ, кој ја следи легислативната агенда на Владата за сите акти кои се поврзани со процесот на европска интеграција, како и сите Работни групи кои ги покриваат 33-те поглавја на европското право, каде членуваат околу 800 административни службеници.

Бујар Османи набљудување на остварување План „3-6-9“ Проект на ИДСЦС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.