Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невозможно е четворица обвинети да немаат ниту едно прашање или приговор, тоа укажува дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, вели адвокатот на Палевски

0
By Marija Todorovska on January 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2025 12:48

Невозможно е четворица обвинети, кои еднаш го признаа кривичното дело, а потоа го повлекоа, досега во текот на оваа постапка да немаат ниту едно прашање да постават или да приговараат на било каков доказ. Тоа ни укажува дека во конкретниот случај можеби тие се заложници во овој кривично правен настан или дека веќе можеби преговарале за исходот на оваа постапка, а се од причина единствено првообвинетиот Љупчо Палевски да биде лицето кое го извршило ова кривично дело, изјави бранителот на Палевски, адвокатот Маријан Витановски.

Не може, рече Витановски, сведоци десет пати да бидат прашани дали Љупчо Палевски има пиштол, а никој друг од обвинетите да не бидат прашан.

Сметавме дека некои работи што ги презема Обвинителство укажуваат на тоа дека се прави обид по било која цена обвинетиот Љупчо Палевски да се доведе во поврзаност со ова кривично дело, за коешто и веќе реков, доказите коишто се приложени кон обвинението, преку истите тие материјални докази, обвинетиот Љупчо Палевски засега не може да се доведе во поврзаност со ова дело, изјави Витановски.

Според Витановски, обвинетиот Палевски смета дека ова е најпогодниот момент, кога треба да бараат изземање од причина што јавниот обвинител ниту административно не проверил дали обвинетиот Боре Видевски има пиштол.

При претрес на дом, значи констатирал само дека не се пронајдени предмети кои би биле поврзани со конкретното кривично дело. Значи, имајќи го во предвид фактот дека поседува ист таков пиштол, сметавме дека истрагата во една фаза е незаконска од причина што и доставената чаура која што е вештачена, не беше доставена да биде изведена како доказ, изјави Витановски.

При добивањето на дозвола во надлежните служби, Витановски појасни дека се врши испукување, и преку тоа испукување доколку бил одземен пиштолот од Боро Видевски, можело да се провери дали пронајдената чаура одговара на тој пиштол или евентуално на било кој пиштол кое некое лице го поседува со дозвола.

адвокат Витановски Палевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.