Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независен синдикат на полиција: Полицајците се на терен без зимски јакни

0
By Нова ТВ on December 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска на прес-конференција информира дека неодамна една група полициски службеници земале униформа. Според нив, се работи за пролетна јакна со која полицајците треба да работат во зимски услови.

– Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа пролетна јакна полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат. Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни. Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и да се поделат на колегите, изјави портпаролот на Независниот синдикат на полицијата Дејан Саздов пред Собранието на Република Македонија.

Доколку ресорното Министерство не им подели зимски јакни на полициските службеници тогаш, како што велат, тие немаат обврска да носат униформа затоа штоа таа е надвор од сите станадради и не е согласно правилата и прописите на Министерството.

– Легимитетот ни го дават околу три илјади членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање – штрајк до остварување на сите наши права. Бараме Министерството да не вклучи во процесот на преговарање за нов колективен договор затоа што никогаш повеќе нема да дозволиме да се потпише штетен колективен договор за припадниците на полицијата, рече Саздов.

Тој информира дека НСП серизоно изминатиот период ја разгледува можноста МВР да активира дел од резервниот состав на полицијата за одредени полициски станици и организациски единици кои во нивниот состав веќе им е предвидена одредена бројка на припадници на резервниот состав на полицијата. Овој предлог, како што рече, го доставуваат со цел да се растовари редовниот состав на полицијата од нивните секојдневни патувања од сите полициски станици на територијата на Македонија и вршат најразлични дејствија на територијата на Град Скопје, а притоа се влијае на нормалното функционирање на матичните полицикси станици.

јакни Независен синдикат на полицијата прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.