Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни почит ни помош за семејството на загинатиот кој одел на митинг

0
By Менче Атанасова Точи on December 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Никаков абер, ниту збор на сочувство. Никој не затропал на вратата и дошол да го посети семејството Асановски откако пред месец и половина, 39 годишниот Седат беше прегазен кај Стража, кога со организиран превоз одел на митинг на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, во Охрид. Неговото семејство кое живее во скопската населба Топанско Поле, екипата на НОВА го затекна  во тага, но и револт заради незаинтересираноста на институциите и партиите на чиј митинг патувал. Неговиот брат Бари, раскажува дека за смртта на Седат разбрал од краткиот телефонски разговор со возачот на автобусот, кој откако му соопштил дека неговиот брат бил прегазен за време на пауза на автобусо, го продолжил патот на митингот во Охрид.

„Возачот кој му беше и другар се јави и ми ја соопшти веста. Не дојде полиција официјално да не извести за смртта, не го донесоа ниту телото. Сами отидовме да го земеме од болницата во Кичево, сами си го плативме погребот. Можеа барем една минута молк во знак на почит да му оддадат на митингот во Охрид бидејќи тој отиде курбан за нив. Отидовме да истражиме на местото каде што загинал, очевидци од селото Колари ни раскажаа дека телото било поместено на страна пред да дојде јавен обвинител, за да може да помине делегацијата“, изјави Бари Асановски, брат на починатиот Седат.

Тој зад себе остави сопруга, две малолетни деца и стара мајка кои нема од што да живеат. Неговата сопруга Шефија, за НОВА вели дека сопругот работел приватно како мајстор и така се издржувале. Таа сега не може да земе ниту пензија, ниту било каква помош бидејќи фирмата каде што работел не му плаќала пензиско осигурување.

„Оставени сме на милост и немилост. Немаме никаква помош од државата, а досега не дошол никој ниту од ВМРО ДПМНЕ, ниту од партијата на Амди Бајрам за да ни изразат сочувство или да не прашаат дали ни треба нешто. Засега помагаат само пријателите, но тоа не е трајно решение. Апелирам до институциите во државата да ни помогнат бидејќи нема од што да ги прехранам моите деца, ниту да ги школувам“, низ солзи во очите раскажа Шефије, сопруга на починатиот Седат.

Од Основното јавно обвинителство тврдат дека работат на истрага за случајот во кој загина Седат кога во него удрило моторно возило, комбе управувано од 52 годишен скопјанец.  Од ОЈО велат дека до несреќата дошло кога сега починатото лице излегло од автобус со кој патувал од Скопје за Охрид и ја преминал коловозната лента на необележано место при што бил удрен од комбето. Од таму тврдат дека не е точно дека телото било поместено за да поминат другите возила кои патувале на митингот во Охрид. И во обвинителството во Кичево демантираат дека телото било поместено пред да дојде јавен обвинител.

„ Телото беше покриено со ќебе, но не беше поместено. Во моментот кога дошол јавен обвинител сообраќајот бил запрен во правец кон Скопје, а кон Охрид се одвивал нормално. Во моментот на скицирање, сообраќајот е запрен и во двата правци. Според првичните сознанија, почнатиот ја поминал коловозната лента на место каде што не е осветлено, а носел и темна боја на облека на себе. Утврдено е дека лицето кое ги прегазило не било во алкохолизирана состојба. Истрагата е во тек, го чекаме резултатот од обдукција“, велат од обвинителството во Кичево.

Од ова обвинителство сметаат дека немаат обврска да го известат семејството, но дека обвинителката ги задолжила полицајците да го сторат тоа. Од СВР Охрид пак, тврдат дека насоките ги дава обвинителството и тие се што имале, сите службени белешки ги доставиле  до нив.

И во однос на мерката притвор за човекот кој го прегазил Седат, од ОЈО сметаат дека нема причина да се донесе ваква мерка бидејќи не го направил тоа смислено, а и вообичаено во сообраќајни несреќи не се искажувала мерка притвор.

Седат Асановски загина на 21 ноември во 18 и 15 часот на патниот правец Гостивар-Кичево. На митингот што се одржа вечерта во Охрид, на кој говореа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам не беше кажан ниту збор за несреќата, ниту пак, им беше изразено сочувство на семејството.

 

Загинат стража митинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.