Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни трага ни глас од исчезнатиот Уран Купа од Струга

0
By Нова ТВ on February 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2015 10:40

Ни трага ни глас веќе четврти дена нема од 27 годишниот Уран Купа, обезбедување на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Од семејството на Купа кој инаку е од струшкото село Велешта не сакаат да зборуваат ништо за исчезнувањето на нивниот најблизок, кој за исчезнат е пријавен од 6 февруари, а последен контакт со фамилијата ја имал околу 19 часот истиот ден. Последен пат бил виден во градот Струга и од тогаш му се губи секаква трага.

НОВА се обиде да разговара со неговите најблиски, но велат дека немаат никакви информации освен тоа дека е пронајден автомобилот на Уран во Дебар.Со неверување ја примиле веста дека го нема и велат дека се во шок после целиот случај. Никој не сака да коментира ништо каде би можел да биде, за што станува збор и велат дека тоа е работа на полицијата да открие каде Уран се наоѓа. Во струшката чаршија исто така нема многу информации за Уран. Стружани не веруваат дека позади случајот се крие политичка позадина.

– Не знаеме ништо, навистина не знаеме, немаме никакви информации .Она што го знаеме е дека автомобилот е најден во Дебар, а тоа го знае и полицијата.Чекаме постојано информации бидејки е навистина многу тешко. Чекаме што ќе се случи бидејки живемее во неизвесност, велат познаници на Уран.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски рече дека полициските станици во Охрид, Струга и Дебар работат интензивно на терен во врска со овој случај.Од полицијата информираат само за пронајдениот автомобил на Уран „Ауди А-4“ со струшки регистарски таблици пред два дена.

– По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло. Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, рече Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Уран беше лично обезбедување на градоначалникот на Струга, Зијадин Села кој рече рече дека за ова ги известил сите меѓународни фактори во земјава како што е ОБСЕ, од каде добил повратен одговор дека се заинтересирани за случајот. Села се сомнева дека се било направено и добро организирано од одлични професионалци.

– Според информации кои ги имаме од граѓаните ноќта кога се има случено исчезнувањето на Уран, имало инспекциски служби во цивили кои вршеле претрес на случајни минувачи.Индикативно е што биле дојдени цивили инспектори од Скопје и други делови на државата и тоа ни дава до знаење дека органите за безбедност треба да имаат некаква информација.Не знаеме каде е Уран , нема никаква трага од нашиот другар и од нашиот вработен и мислам дека начинот на кој ова е изведено, немајки ниту една трага е доказ дека тоа е изведено од луѓе кои се професионалци, рече Села.

Купа претходо немал никакви расправии со некои луѓе вели Села според кого треба да се знае каде се наоѓа човекот кој го обезбедува.

– Ние работиме да се најде Уран Купа.МВР треба да работи 24 часа, бараме информации каде се наѓа Купа бидејки мислиме дека тие мора да знаат.Купа не е од оние неодговорни млади луѓе, рече Села.

Градоначалникот Села, за НОВА рече дека по пријавувањето дека автомобилот на Купа е пронајден во Дебар биле на лице место, но оти тој не располага со нови информации. Села вели дека ги чекаат резултатите од крим техника кои биле направени врз автомобилот. Уран е оженет и е татко на седум месечно бебе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.