Пишува Наде Молеровиќ, директор на основно училиште и мотивациски говорник за деца и млади
Многу очигледно и тажно е што сите ние многу погрешно го разбираме значењето, целта и функцијата на образованието. А начинот, методологијата на кој тоа се спроведува е посебна приказна.
Многу очигледно и тажно е што сите ние многу погрешно го разбираме значењето, целта и функцијата на образованието. А начинот, методологијата на кој тоа се спроведува е посебна приказна.
Да се образуваат децата денес не значи да им се прераскажуваат и пренесуваат знаења кои се наталожени во една заедница, нација, фамилија, племе или пак од целиот свет. Сепак, образованието има многу малку заедничко со знаењето. На децата им треба пренесување мудрост која е всушност применето искуствено знаење. Ние денес во училиште ги учиме децата што да мислат, а не како! Кога им пренесуваме факти, податоци ние им кажуваме што треба да знаат, односно им кажуваме што би требало да знаат, тоа што ние мислиме дека е вистина.
Кога на децата им даваме мудрост, ние не им кажуваме што тие треба да знаат или што е вистина, туку како да дојдат до својата вистина. Знаењето мора да се пренесува од генерација на генерација. Тоа е повеќе од јасно и очигледно. Но, што помалку знаење, толку подобро.
Детето само нека открие. Знаењето може да се заборави, мудроста никогаш!
Лекциите за критичко мислење, решавање на проблеми и логички размислувања се сметаат за закана. Не им одговара многу на родителите и општеството деца кои се бунтовни, кои имаат свој став и со многу нешто не се согласуваат. Тогаш стануваат закана за традиционалните семејни вредности и ќе ги напуштат моралните стандарди и начинот на живот кој го имале неговите родители.
Изградивме образовен систем кој се темели на развој на детската меморија, а не на способност. Децата ги тераме да памтат факти и приказни, наместо да развиваат способност да откриваат, истражуваат, согледуваат и анализираат. Земете било кој учебник по историја, ќе забележите дека тие кои ги пишуваат сакаат на децата да им го претстават светот со одредена перспектива и начин на гледање на нештата. А тие треба само да го набубаат, научат наизуст и да прераскажат. Машини, роботи, тоа ли сакаме да постигнеме од нашите деца?
Зошто да се оди во училиште? Што е улогата на наставниците? Наставниците имаат единствена и само единствена вистинска улога: мотивација, мотивација…инспирација!!
Секој успешен наставник ќе се фокусира на: Зошто? Како? и Што? Целта е да се поттикне секој ученик да фантазира, да сонува, да си погледнат во срцата и во умот за да ја почувствуваат потребата од учење и стекнување нешто ново секој ден.




